Истите ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 21 степен. Сепак и покрај ова и тоа особено долж Повардарието и на исток ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Во Скопје и околината ќе имаме сончево и релативно топло време со умерена, повремено и локално позначителна облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, ветерот повремено ќе засилува.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 февруари, 2020 10:07

Непредвидливо време до крајот на неделата- денеска уживајте во сонцето

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

До крајот на денов ќе имаме сончево време со умерена, локално и позначителна облачност, ќе биде и натрпосечно топло, односно температурите на воздухот ќе бидат повисоки од просечните дури за околу 10 степени.

Истите ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 21 степен. Сепак и покрај ова и тоа особено долж Повардарието и на исток ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Во Скопје и околината ќе имаме сончево и релативно топло време со умерена, повремено и локално позначителна облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, ветерот повремено ќе засилува.

Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 15 степени. И во вторник како и во среда во најголем дел од државава ќе имаме стабилно, суво и релативно топло време, со натпросечно високи температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот претежно од 11 до 18, 19 степени. Во среда доцна попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон четврток од запад ќе започнат врнежи од дожд, на планините од снег.

Во четврток врнежите ќе се прошират насекаде и ќе бидат од дожд на ниските додека на повисоките и планинските места ќе има врнежи од снег. Снежната граница има услови да се спушти локално и на надморска височина од под 1000 метри, особено на запад и на север.

Најпрво ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, особено во среда, во четврток пак ветерот ќе го промени правецот во западен и во северозападен а температурите позначително ќе опаднат.

Подготви за Фокус: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.