Од март, кога почна корона кризата, издадени се над 50 милијарди денари станбени кредити на граѓаните. Во март 52.949 милиони денари, во април 53.172 милини, мај 53.621 милион денари.

Објавил: Владо Марин | 9 август, 2020 12:43

Непродадени 6.436 нови станови, се градат уште 12.902

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Интересот за купување станови кај граѓаните е континуиран. Пад на продажбата на становите не е забележан ниту за време на коронакризата, а цената на становите е диктирана од квалитетот на градбата и таа не се очекува да се намали. Податоците на Народната банка покажуваат дека во јуни се одобрени станбени кредити на физички лица во износ од 54.382 милиони денари при што е забележан раст од 1,4 отсто во однос на мај годинава и 13,8 отсто во однос на јуни минатата година. 

Од март, кога почна корона кризата, издадени се над 50 милијарди денари станбени кредити на граѓаните. Во март 52.949 милиони денари, во април 53.172 милини, мај 53.621 милион денари.

Податоците покажуваат дека и во мај има зголемување на издадените кредити за 13,4 отсто на годишно ниво.

-Континуиран е интересот на граѓаните за станови од сериозните градежни компании кои ги следат најновите трендови во секторот и максимално градат според сите стандарди во создавањето на портфолио на квалитетни градби кои ќе ги користат следните генерации, изјави за МИА претседателот на Градежната комора на Македонија Ивица Јаќимовски.

Тој истакна дека коронакризата секако има влијание и врз секторот градежништво во повеќе аспекти,  но согласно нивните анализи во Градежната комора, не е регистриран пад на продажбата на новоизградени станови во првите неколку месеци од годинава.

-Работите во градежништвото се одвиваат плански, а цената на становите ја диктира квалитетот и локацијата. Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се зголемуваат и не е возможно да се очекува намалување на цената на становите, потенцира Јаќимовски.

Појаснува дека основата за формирање на цената е делот на вградените материјали кои се користат, како и делот на работната сила.

-Поточно, вели, она што може да очекуваме во следен период е дека нема да може да се понуди квалитетна градба по пониски цени, бидејќи растот на трошоците го диктира и растот на цената на квалитетните станови.

Податоцита на Државниот завод за статистика објавени во јуни годинава покажуваат дека деловните субјекти што се занимаваат со градежна дејност, во 2019 година, потрошиле градежни материјали и енергија во вредност од 9.626.157 илјади денари, што е за пет отсто повеќе во однос на претходната година.

Во вкупната вредност на потрошените градежни материјали и енергија најголемо учество има групата Материјали за врзување со 3.628.819 илјади денари 37,7 отсто, потоа следат групите потрошено гориво со 1.225.327 илјади денари  или 12,7 отсто, изолациски материјали и премази со 1.167.994 илјади денари или 12,1 отсто…

Просечната плата, според статистичките податоци, бележи раст од 9,1 отсто во првите пет месеци од годинава, а во мај просечната плата во градежниот сектор која изнесувала 25.062 денари забележала раст од 7,1 отсто.  Податоците покажуваат дека просечната цена на метар квадратен во 2019 година изнесува 44.994 денари, што е за 4,3 отсто повеќе во однос на 2018 година.

Во Скопје, просечната цена на 1м2 изнесуваше 48.204 денари што е за 3,1 отсто повеќе во споредба со 2018 година, додека во останатите населени места во државата таа изнесуваше 35.255 денари, што е за 6,3 отсто повеќе во споредба со 2018.Наведените просечни цени на 1м2 станбена површина се без данок на додадена вредност.

Просечната цена во вторто полугодие од 2019 година забележала намалување од 4,3 отсто во однос на првото полугоди, а во Скопје намалувањето изнесува 2,8 отсто.

Од градежниот сектор порачуваат дека во следниот период важно е да се стави фокусот на развојот на градежништвото. За Јаќимовски без градежништвото не може да се очекува развој на севкупната економија погодена од пандемијата.

-Градежните компании сега ги извршуваат проектите кои веќе ги стартуваа, но треба да се поттикнат да размислуваат да започнат нови. Во таа конотација институциите задолжени за одобренија за градби и за други потребни документи треба да се приспособат на новата реалност и да работат со полн капацитет, без застој, а купувачите да имаат сигурност во системот на државата, во банките, работните места, бидејќи само со креирање таков амбиент можеме да имаме стабилност, предвидливост и работа согласно прецизни планови, изјави Јаќимовски.

МИА

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Така што, јас верувам дека ние до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, доколку ги донесеме одлуките коишто се очекуваат од нас. За тоа веќе постои поддршка и отворен прозорец од страна на ЕУ, рече Ковачевски.

Ковачевски мисли дека до 2023 Македонија ќе влезе во ЕУ

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави...

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за...