Заев може да одлучи да побара или да не побара оставка од пратеникот Богоевски, но неговата кариера е веќе завршена!

Објавил: Данаил Михајловски | 16 мај, 2019 13:09

Неславен крај на Павле Богоевски: Силата на социјалните мрежи е поголема од метлата на Зоран Заев!

Фото/Текст извор: ©магазин

Во текот на претседателската кампања премиерот Заев, во една мала тетарска претстава со актерот Дац, најави дека го слушнал гласот на народот и дека после изборите ќе има “метла“ за многу функционери од власта кои потфлиле или ги иритирале гласачите. Еклатантен пример за функционер кој потфрлил и ги иритира своите гласачи е пратеникот Павле Богоевски, кој призна дека сторил кривично дело, а постои големо сомнение дека е и редовен уживател на наркотици, што го прави недостоен да биде пратеник и да носи битни државни одлуки. Заев, доколку има принципи, треба да побара оставка од пратеникот Павле. Но, дури и да не го направи тоа, преку случајот на Богоевски ќе се докаже дека социјалните мрежи и јавното мислење имаат поголема сила од политичарите и можат да ја донесат конечната “пресуда“ за крајот на политичката кариера на некој пратеник, министер, градоначалник или државен функционер!

Познати новинарски пера упатија озбилни критики, полни со укор, иронија и сарказам, преточени дури и во симпатична поезија, но сепак со јасна порака, дека доколку пратеникот Павле Богоевски не сноси одговорност, тогаш џабе се збори за паролата “има правда, има мир“!
Профилот “Маче“ на твитер објави креативна фото-критика со две фотографии на кои се гледа телесната тежина на пратеникот Богоевски како опозиционер, и потоа како функционер, со коментар дека можеби му ставаат пециво во кокаинот. Твитерџиите и другите социјални мрежи го проширија ваквиот пост на сите страни.

Впрочем, за случајот со незаконската нарачка на Павле на пола грам “кокаин или канабис“, се дозна преку Фејсбук профилот на контраверзниот Громовник, што се расшири низ јавноста со невидена брзина. Потоа пратеникот Богоевски се почувствува прозван и на својот ФБ профил потврди дека тоа е неговиот глас, но дека не нарачувал коакин, туку масло од канабис за помош на негова блиска личност, како и дека тој е жртва на неовластено снимање од таксист. Ваквата реакција на пратеникот предизвика две работи. Прво, тој самиот призна дека сторил кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, за која се добива затвор од 1 до 5 години. И второ, многу граѓани на социјалните мрежи почувствуваа дека пратеникот Павле им ја навредува интелегенцијата бидејќи во снимениот разговор термините “спреми ми полче“ и цената “2.500“ денари се вокабулар кој се користи за набавка на кокаин или хероин, а не за масло од канабис кое е легално во промет во аптеките.

На социјалните мрежи се појави и барање за оставка на Павле Богоевски преку хаику поезија, што наиде на широко одобрување.

 

Твитер и Фејсбук и вчера и денес “горат“ од прозивки, коментари и критики упатени на сметка на пратеникот Павле Богоевски.

Ваквото објаснување од страна на некогашниот “револуционер“ Павле Богоевски, предизвика уште поголема иритација на социјалните мрежи и уште посилни критики и прозивки за оставка од функцијата пратеник во Собранието. Еден од коментарите беше дека “револуцијата ги шмрка своите деца“! Според оваа лавина од реакции, која не стивнува, се очекува пратеникот Павле Богоевски самиот да си поднесе оставка од функцијата на која дел граѓаните на Скопје го избрале во Собранието. Доколку сепак му е помила пратеничката фотеља од гласот и критиката на јавноста, тогаш Павле Богоевски ризикува да стане чиста спротивност на се она она за што се бореше т.е наместо правда, Правде ќе стане синоним за неправда, наместо одговорност, ќе биде пример за неодговорност; наместо казнивост, Павле ќе биде пример за неказнивост.

Секој поминат ден со правдање, гонење на таксистот и изговори дека направил кривично дело “од хумани побуди“, само ќе предизвикува уште поголеми реакции од граѓаните кои ионака се прилично иритирани од политичари кои зборат едно, а прават нешто сосема друго. Со секој поминат ден во Собранието, пратеникот Павле Богоевски само ќе станува дополнителен товар за колегите пратеници од СДСМ, за владеачкото мнозинство, и најмногу за премиерот Заев и гласно најавената операција “Метла“!

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

„Фокус“ дознава дека блиска роднина на Арсовска, уште пред да „пукне“ скандалот, со Турците преговарала за милионскиот тендер на „Водовод и канализација“, објавува весникот.

Фокус открива скандалозни тендерски контакти на близок човек на Арсовска со турски понудувач за проектот од 137 милиони евра

Во текст со наслов „МИЛИОНСКИ ТЕНДЕР” неделникот Фокус открива скандалозни информации...

Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше кавгата меѓу пратениците од власта и нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците кои сакаат да спречат да се донесе законско решение да не се парализира работата на судовите, Министерството за труд предлага продолжување на нивниот работен век до навршувањето 67 години со што би се продолжил работниот ангажман на 60 судии и 13 обвинители кои се на чекор до пензија.

(ВИДЕО) Милошоски повеќе пати удрен од Адеми, а погоден и со пластично шише вода фрлено кон него

Невиден скандал! Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше...

Овој инцидент докажува дека земјите членки на ЕУ мораат да ја заштитат и примат Македонија во своето заедништво имајќи ги предвид непријателските намери на соседните држави.

ОМД побара Рама да се извини за таканаречената шега „Иднaта Западна Бугарија“

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) – водечки глас за Македонците надвор од Македонија...