Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи, особено попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од порменлив правец, истиот повремено ќе засилува.

Објавил: Владо Марин | 23 септември, 2020 8:06

НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ: Доаѓаат врнежливи денови со засилен ветер и грмежи!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, особено од пладневните часови па натаму, ќе има услови и за локална нестабилност проследена со поретка појава на грмежи.

Ќе дува умерен ветер најпрвин од јужен и од југоисточен правец и истиот на некои места повремено ќе засилува, попладне ветерот ќе биде од променлив интензитет.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 29 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи, особено попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од порменлив правец, истиот повремено ќе засилува.

Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 27 степени.

Потоа во следните денови, односно во четврток ќе се задржи променливо облачно време со услови за локален дожд и услови за ретка појава на грмежи.
Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 30 степени, нешто повисоки температури ќе имаме во петок кога ќе биде и постабилно, максималните дневни температури тогаш ќе се искауваат во интервалот од 25 до 32 степени.

Поголем влажен бран нашата држава ќе ја зафати во сабота и ќе услови поинтензивни врнежи од дожд, грмежи и засилен јужен и југозападен ветер.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...