Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, што значи и понатаму ќе бидат под просекот за овој дел од годината!

Објавил: Владо Марин | 31 мај, 2020 10:39

Нестабилно време се очекува пороен дожд: Услови за ретка појава на град!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Денес особено од пладневните часови па натаму на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, локална појава на грмежи, засилување на ветерот и услови за ретка појава на град.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, што значи и понатаму ќе бидат под просекот за овој дел од годината.

Во Скопје и околината попладнево ќе има услови за повремен локален дожд и услови за појава на грмежи. Максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи до околу 20 степени.

Потоа, утре и во вторник, особено во попладневните часови ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи.

На средината од новата недела која што ни претстои пак ќе имаме нешто постабилно и потопло време, што значи дека времето полека ќе се затоплува, а температурите ќе се враќаат во границите на нормалата за овој дел од годината.

Временската прогноза ја подготви Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...