Врз бедата на граѓаните на Сирија која трае шест години, профитираат сите, само не граѓаните на оваа држава, од која веќе се иселиле над 45 отсто од населението

Објавил: Мирко Бачиќ | 25 септември, 2018 8:05

Нетанјаху: Испораката на С-300 на неодговорната Сирија е опасна за регионот

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му порача на рускиот претседател Владимир Путин дека снабдувањето на “неодговорни играчи” со напредни оружени системи ќе ја зголеми опасноста во регионот.

Во соопштението од Кабинетот на Нетанјаху стои дека во телефонскиот разговор направен набрзо откако Русија соопшти дека за две недели ќе ја снабди Сирија со ракетни системи земја-воздух С-300, израелскиот премиер рекол дека неговата земја ќе продолжи да ги штити сопствените интереси и безбедност.

Претходно Кремљ соопшти дека Путин и Нетанјаху разговарале за распоредувањето руски антиракетен штит С-300 во Сирија.

Кремљ посочи дека Путин на Нетанјаху му рекол дека ваквиот потег на Москва има за цел да ги заштити руските војници.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести