На стартот на есента, Верушевски ја финиширал постапката за купување на луксузен стан во комплексот Парк Резиденс во срцето на Градскиот Парк во Скопје.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 декември, 2019 15:04

„Нетпрес“: Верушевски се подновил со луксузен стан од 165.000 евра

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Септември 2019 година. Додека нацијата е во грч дали Македонија ќе добие датум за преговори во октомври, Зоран Верушевски е растрчан. Но, не за да добие информации за ставот на Париз за датумот кој неговиот шеф Заев го чека како жеден човек вода во пустина, туку за негови приватни обврски, пренесува порталот Нетпрес.

Граѓанскиот суд на ексразузнавачот Зоран Верушевски за поминати 344 дена неосновано во притвор за измислениот предмет „Пуч“ му досуди отштета од државата за претрпени душевна болка и повреда на угледот и честа во износ од 42 илјади евра.

На стартот на есента, Верушевски ја финиширал постапката за купување на луксузен стан во комплексот Парк Резиденс во срцето на Градскиот Парк во Скопје. Станот има прекрасен поглед на кејот на реката Вардар, со 139 метри квадратни површина, и луксузно опремен со најмодерен мебел. Преддоговорот помеѓу Зоран Верушевски и Друштвото за градежништво, трговија и услуги ИММОРЕКС МАКЕДОНИЈА, на Енвер Малиќи, е склучен на 26 септември, годинава, кај нотар во центарот на Скопје. Малиќи му го продава комплетно опремениот стан на Верушевски по цена од 165.200 евра, или по 1.188 евра по метар квадратен. За ваква премиум локација и целосно опремен стан Верушевски, сепак очигледно добил премиум попуст од заменик градоначалник на Скопје, Енвер Малиќи, додава порталот.

Повеќе на Нетпрес.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.