Според опозициската партија

Објавил: Узунов Бобан | 24 јуни, 2019 16:03

Нефи Усеини гради уште една дивоградба во Охрид !

Фото/Текст извор: ©магазин

Претходно слушнавме за еден градоначалник од Скопје на СДСМ којшто тепа свои сограѓани, денеска ќе слушнеме за еден градоначалник којшто единствено што работи е што дозволува да се градат дивоградби низ целиот Охрид, изјави денес Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Во предизборниот период за локалните избори особено беше актуелен Нефи Усеини претседател на огранокот во ДУИ во Охрид, каде во Охрид јавна тајна е дека негова е дивоградбата која се гради во строгиот центар на охридската чаршија наспроти чинарот која претставува строго заштитено подрачје. Исто така иако без одобрение за градба, продолжува да се гради минарето на Алипашината џамија во Охрид. Во предизборниот период при посета на Охрид Заев тврдеше дека изградбата ќе биде стопирана, за веднаш после изборите да продолжи, информациите кои пристигнуваат се дека продолжувањето на дивоградбата на минарето било овозможено со политички договор на Заев и ДУИ за возврат ДУИ да ги поддржи СДСМ во Охрид за локалните избори.

Урбаната мафија со поддршка на СДСМ во Охрид никако не запира. Нема намера да запре ни од страна на СДСМ, ниту пак да биде запрена од страна на градоначалникот. Иако Охрид е под сериозна закана да ја загуби титулата од УНЕСКО и да биде тргнат од листата за заштита на културно природно наследство, сепак СДСМ мува не ги лази и немаат намера да ги стопираат дивоградбите којшто никнуваат како печурки низ целиот град. Овој пат, дивоградба на брегот на Охридското езеро на стариот пат помеѓу Охрид и Струга на нелегален начин, блиску до езерото до самиот брег, со месеци наназад гради бетонска база  советникот кој е дел од коалицијата на власт во Охрид, Нефи Усеини, советник за кој се зборуваше дека пред некој извесен период на седница на Советот физички нападна друг советник затоашто не гласал по негово убедување. За оваа дивоградба од бетонска база, Константин Горѓиевски градоначалникот на Охрид знае, но сеуште нема  преземено ништо, како и за секоја друга дивоградба којашто никна во Охрид, вели Арсовски.

Арсовски истакнува дека станува збор за класична дивоградба без ниту една дозвола за градење.

„Оваа дивоградба не поседува ниту една дозвола и треба веднаш да биде срушена од страна на општината и градоначалник. Но, од општината молчат и ден денес бидејќи тоа е дел од предизборната коалиција на Константин Ѓорѓиевски од СДСМ и советникот кој пола Охрид го изгради нелегално со диво градби.  Да потсетиме дека овој ист советник, Нефи Усеини има изградено и нелегален објект во старата чаршија до чинарот и сеуште не е преземено никаква мерка од страна на општината. Да потсетиме дека и минарето на нелегален начин беше изградено, за повторно општината, градоначалникот и Заев да ги лажат граѓаните и да не преземат ништо кое е во рамките на Законот за градење. Охрид е претворен во градилиште на дивоградби, и секој што ја има задолжено СДСМ со нешто пред изборите  гради каде ќе стигне, без притоа никој  да одговара. Заради личните интереси и политички пазари на СДСМ и Константин Ѓорѓиевски единствено трпат штета граѓаните на Охрид и самиот град кому му се заканува отстранување од листата на УНЕСКО“, вели Арсовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести