„Ме нападна Нефи Усеини, квази криминалецот кој го опостуши цел град. Инцидентот настана поради Зоре Темелковски. Јас правам куќа за четири деца, под Зоре Темелковски во Рача. Јас ја направив куќата и тој повеќе пати ме пријавуваше дека нелегално ја правам куќата, дека копам. Јас го опоменав.

Објавил: Владо Марин | 18 август, 2020 17:15

Нефи Усеини претепал сограѓанин со кундак од пиштол во Охрид

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Нефи Усеини, советникот во Општина Охрид, познат во јавноста по своите дивоградби и испади, со пиштол го нападнал извесниот Спире Топалоски во охридски хотел, мавајќи го по глава со рачката заедно со уште неколкумина пред неговиот 14-годишен син.

СВР Охрид попладнево објави дека претпладнево се случил физички напад кој се уште се расчистува а во кој учествувало лице со возраст и со иницијали идентични на познатиот охридски бизнисмен и советник на ДУИ Нефи Усеини.

Денеска во 11: 35 часот, во СВР Охрид, С.Т.(41) од Охрид пријави дека пред угостителски објект, бил физички нападнат од Н.У. (45) од Охрид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, се вели во соопштението на СВР Охрид.

Веднаш потоа се оглси и нападнатиот Спире Топалоски!

„Ме нападна Нефи Усеини, квази криминалецот кој го опостуши цел град. Инцидентот настана поради Зоре Темелковски. Јас правам куќа за четири деца, под Зоре Темелковски во Рача. Јас ја направив куќата и тој повеќе пати ме пријавуваше дека нелегално ја правам куќата, дека копам. Јас го опоменав.

Нефи ми се јавува мене и ми вика дојди да се видиме . Јас нормално, одам. И тој вади пиштол на дете, 14-годишно, на син ми му извади пиштол и му мафташе во нозете. Пиштолот му падна. Кога му падна, јас тргнав да го земам. Само што тргнав да го земам, од позади ме нападнаа уште четворица лица, брат му Ибро и уште двајца хомосексуалци, дали од Струга или Охрид, небитно. Влегов во хотелот, сакаа да ме омаловажат, ме тепаа со пиштоли. Јас таму не делував.

Можев да земам и пиштол, но не делував. Дојдов во полиција си пријавив се. Разговарав со полицијата и ми рекоа да одам до крај, бидејќи и тие нема да попуштат. И затоа решив да проговорам. Не може во сите случки Нефи да е прав. Сега сум решен, или ќе ме убие или ќе го убијам. На дете 14-годишно, на син ми, пиштол му извади. Жена ми плаче, мајка ми плаче. Око за око, заб за заб. Или државава да преземе нешто за овие што го пустошат цел град или ќе одам до крај за тоа што на детето мое му извади пиштол. Еден кримиалец не може да тероризира секого и секогаш тој да е во право. Цел сум со дупки“, рече Топалоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Толпата од повеќе илјади демонстранти потоа се упати кон Македонското собрание. Протестот во првите дваесетина минути до половина час, се одвиваше мирно, при што на насобраните, меѓу другите им се обратија и пејачката Ребека, како и актерката Весна Петрушевска.

Насилства пред Собранието: Повредени 47 полицајци, приведени 11 демонстранти на протестот

Собирот од мирен, за кусо време се претвори во четириесетминутна канонада од камења,...

После чекање од 45 минити, полицијата се појави на местото на настанот но него обрзбеди местото на несреќата, туку местото го обезбедија лица што се најдоа на местото!

Тешка несреќа кај Охрид: Полицијата дојде со закаснување од 45 минути

Тешка несреќа на магистралата Охрид Кичево! Денеска после 11 часот на магистралата...

Непознати сторители го оштетиле возилото и со цигли ги искршиле стаклата. Покрај тоа, бил провален автобусот и биле украдени личните работи на патниците и на возачите кои биле оставени во возилото.

НЕВИДЕН СРАМ: Во Скопје каменуван и ограбен српски автобус со руски туристи

Туристички автобус на српски автопревозник, кој превезувал руски туристи, бил каменуван...

Од месната заедница Галичник соопштија дека пожарот избувнал над хотелот „Неда“, а за состојбата известени се надлежните органи.

Голем пожар беснее над Галичник, испратен е хеликоптер за гаснење на огнот

Голем пожар избувна попладнево над Галичник. Според информациите, зафатена е борова...