Додека грчките работници во туризмот најавија дека прво ќе ги отворат одморалиштата за гости од Балканот, турските хотелиери размислуваат поинаку.

Објавил: Перо Милчин | 10 мај, 2020 17:03

НЕ ДАЈ БОЖЕ ДА СЕ РАЗБОЛИТЕ НА ОДМОР ВО ТУРЦИЈА: Хотелиерите испратија јасна порака!

Фото/Текст извор: ©kurir.rs магазин.мк

Турските хотелиери ги известија српските агенции дека ќе ги избркаат сите разболени гости од објектот ако се посомневаат дека имаат Ковид-19. 

Дали одморот ќе трае еден месец – две недели на море или две недели во карантин?

Ова прашање го поставува секој кој веќе платил или сака да оди на одмор. Различни одговори доаѓаат од омилените дестинации.

Додека грчките работници во туризмот најавија дека прво ќе ги отворат одморалиштата за гости од Балканот, турските хотелиери размислуваат поинаку, пренесува курир.рс.

Рецепционерот на хотелот има право, доколку се сомнева дека гостинот има ковид 19, да се јави на лекар и по прегледот може итно да го испрати туристот, со маска, во болница.

Ваква порака турските хотелиери испратија во Србија последниве денови.

Додека пак грчкиот министер за туризам изјави дека сите туристи кои планираат да ја посетат Грција оваа година, ќе треба да бидат тестирани за вирусот Корона. Бидејќи сезоната започнува на 1 јули, туристите ќе треба да имаат негативен тест пред да се качат во авионот, а претпоставката е дека истото ќе важи и за туристите кои доаѓаат со автомобил

Грција, најпопуларното лето одморалиште за Балканците, според некои најави, ќе ги отвори своите граници за странските туристи од 1 јули, но конкретните протоколи за безбедно патување сè уште се во очекување.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Одмор

Во периодот јануари-август Албанија забележа рекорден број од 7. 190. 410 туристи што е 27 осто повеќе споредено со истиот период 2022 година.

Во Албанија за осум месеци рекорден број од околу 7,2 милиони туристи

Албанија во изминатите осум месеци од годинава забележа рекорден број од околу 7,2 милиони...

Монако е име на државата и на единствениот град во државата. Оваа држава е позната по ниските даноци, па така богати странци сочинуваат околу 84% од населението.

МОНАКО – земјата со најмногу милијардери!

Монако е популарно живеалиште кај милијардерите, па така земјата стана водечка во...