Добри се идеите на опозиционерите да се замрзнат обврските на погодените компании кон државата. Треба да се работи и на другите предлози што доаѓаат од други партии и субјекти.

Објавил: Перо Милчин | 13 март, 2020 18:49

НЕ Е ДОВОЛНО САМО ДА СЕ ЛОМОТИ: Постојат корона-профитери, но најопасните ги нишаат темелите на нашата економија

Фото/Текст извор: ©плус инфо

Додека нашите политички лидери, барем до денешните разборити изјави и најавени активности, главно беа загрижени дали КОВИД-19 ќе ги одложи изборите и кој од тоа добива или губи, во некои земји во светот, освен за ефикасни мерки за спречување на ширење на заразата, многу сериозно се размислува и како да се спречи галопирачката економска криза што веќе ја предизвикува пандемијата.

Неверојатно, но вистинито – најразвиената и „најкапиталистичка“ европска земја, Германија, најавува привремено национализирање на некои тамошни компании, ако тоа е единствен начин за поддршка во ситуација на пад на меѓународните синџири за испорака.

Нема да дозволиме банкрот на економски стабилни компании, велат енергичните Германци.

Освен тоа, таму се најавуваат мерки како што се одлагањето на даночни обврски и финансиска помош.
Нема сомневање дека и кај нас треба да се размислува за такви мерки. Радикални и итни мерки. Ама добро обмислени. Верувам дека не само во ВМРО-ДПМНЕ, туку и во другите партии, како и во техничката влада, се размислува за посебни активности за одржување на економската кондиција на компаниите и за општата макроекономската стабилност.

Императив на денот е да се дизајнираат мерки за санирање на штетите кај компаниите што се погодени од коронавирусот.

Добри се идеите на опозиционерите да се замрзнат обврските на погодените компании кон државата. Треба да се работи и на другите предлози што доаѓаат од други партии и субјекти. Тука се Стопанската комора на Македонија како водечки тинк-тенк, другите комори, синдикатите…

Сечија партиципиација е добредојдена. Македонија има одлични и докажани експерти за макроекономија, кои можат итно да ги изанализираат состојбите, со цел мерките за државна поддршка на стопанството да бидат ефикасни и да се насочат на вистинската адреса.
И уште нешто. Македонија во Уставот се декларира како социјална држава. Иако во праксата тоа најчесто е само гола декларација, еве ова е прилика да ѝ се даде вистинска содржина.

Треба да се поттикнат добротворните акции и иницијативи, но и да се осуди профитерството од кризата. Не е профитерство ако партиите продолжат да водат политичка битка. Без оглед дали изборите ќе се одложат или не. Ширењето на заразата ќе одлучи за тоа. Не е профитерство ако ги сочуваме демократските вредности, што подразбира и слобода на изразувањето и негување на критичката мисла.

Тие вредности не треба да се ограничуваат, зашто тие не ги ослабуваат капацитетите на општествениот организам да се справи со ширењето на заразата.
Треба да научиме што е вистинско профитерство во вакви неприлики.

Се разбира, профитерство е кога некој продава маски многукратно поскапи отколку што ги набавуваат. Затоа, тоа мора да се спречи, а државата, ако навистина е социјална, треба да обезбеди бесплатни маски, дезинфициенси и други материјали што се потребни во секое семејство, а кои сега или не можат да се купат, или се купуваат по енормно високи цени. Македонската држава има сили тоа да го обезбеди како ресурс, согласно со нејзината стратегија за борба против заразата.

Најстрашното и најопасното корона-профитерство, сепак, е тоа кога некои луѓе и субјекти ја користат ситуацијата за упади на берзите, за шпекулирање и за други активности со кои би можеле да ја загрозат дури и стабилноста на финансискиот сектор на нашата економија. Во светот веќе има такви искуства.

Внимавајте, ова е време кога трговијата, угостителството и туризмот веќе доживуваат сериозни удари. Упатените велат дека е прашање на денови кога и нашите компании, како и германските, ќе се соочат со прекин на меѓународните синџири на испораки. На удар се пристаништата во нашата околина (Солун, Драч, Бари), па може да се случи да кризира транспортот. Ако тоа се случи, ќе пати целиот сектор на реалната економија. А банките и финансискиот сектор се само рефлексија на реалниот сектор на економијата. Од нив ќе се очекува поддршка, а тие и самите зависат од состојбите во македонските компании.

Никому не му е лесно…
Ете затоа, потребни се ефективни мерки за заштита и поддршка на нашата економија, чиј составен дел се банките и целиот финансиски сектор. Најважно е да не ги сечеме гранките на кои седиме и што побрзо да се „бандажираат“ темелите на нашата економска кула. Да не падне утре како кула од карти.

Лесно е само да се ломоти за „профитерство“ – и од такво ломотење да се прават ситни профити, нели – лесно е да се посочува со прстот на овој или на оној. Малку потешко, но исклучително потребно е да се слушне гласот на експертите, на луѓето кои умеат да анализираат длабински и да ги детектираат нашите вистински слабости.
Така ќе се препознае вистинското корона-профитерство.

И само така може да се дизајнираат ефикасни, а не алиби мерки за спасување на економијата.

Гледам дека веќе се размислува во таа насока и добро е тој тренд да продолжи. Значи, потребнни ни се мерки за кои навистина вреди да се постигне единство, не само меѓу политичарите, туку и меѓу сите општествени субјекти.

Бидејќи сите заедно сме изложени на голема опасност и сме во предворјето на една голема криза што ќе се одрази во сите сектори на општественото живеење.

Бранко Героски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...