Мицкоски бара Заеви да вратат се што е украле

Објавил: admin@magazin | 5 април, 2019 11:53

Не е проблем, ќе правам селфи со Заев, ако ги врати парите за „Глобал“

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Нема проблем ќе направиме и селфи, ама прво да ги вратиш оние 8,5 милиони евра од „Глобал“ што ги украде заедно со Вице, а потоа ќе му кажеш на Вице сите оние евро за евро што ги зема за него и за црквата да ги врати назад кај граѓаните, па дури потоа јас и ти господине Зоран Заев ќе правиме селфи, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на средба со жителите на општина Зрновци, истакнувајќи дека тоа е неговиот одговор на понудата на премиерот.

А дотогаш ќе мора на телефонот да му се радуваш на селфито со Алексис Ципрас – рече Мицкоски.

Кога се работи за нашата земја, подготвен сум со секој да седнам, да разговарам, да подадам рака. И кон опозицијата. Немам никакви предрасуди. Подготвен сум дури и селфи со Мицкоски да направам. Само рака нека подаде. Но, тој нема капацитет, рече премиерот Зоран Заев на конвенцијата на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во Скопје.

Ако се откаже од неговиот претходник Груевски, ќе се сликам со него и селфи, и ќе подадам рака, дополни Заев, истакнувајќи дека земјава веќе изгуби 30 години.

Земјата, според премиерот, тргна напред и застанување нема зашто тоа е правецот по кој мора, треба и ќе се движиме. Патот беше болен, рече, но друга алтернатива нема.

Ова се многу важни избори. Нашата земја чекори во вистински правец, поддржана од мнозинството граѓани дома, од целиот свет, од сите наши пријатели. Нема друг прваец.

Отворено зборуваме за сите предности и слабости, дека не пости алтернатива за концептот: нашата земја-членка на НАТО, со отворени поглавја во ЕУ, со сериозни рефрми и подгнати економски капацитети.

Тоа е иднината на нашата земја. Нема друг концепт и затоа нашите политички опоненти не нудат ништо. Тие се празна слама, ништо не нудат за иднината на својот народ, потенцира Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сатира

Министерството за транспорт и врски денес соопшти дека по долги консултации со експерти од министерството за здравство, донесена е одлука за затворање на новиот експресен автопат што ги поврзува Охрид и Кичево и стопирање на сите што патуваат по него.

Нови мерки против Ковид 19: Затворен автопатот Охрид – Кичево

Министерството за транспорт и врски денес соопшти дека по долги консултации со експерти...

Одговорност од прв до последен за сите што си ги мереле со Рената мора да има. За никој да не се дрзне утре да си го мери со Радмила!

Костадинов: Мицкоски да каже кои ВМРОвци си го мереле со Рената Дескоска!

Борецот за правда и антикорупција, Костадин Костадинов Манулач, кого цел регион го...