Од Агенцијата за храна и ветеринарство за Фактор велат дека редовно земаат мостри за лабораториско испитување при увоз или при сомнеж, но дека вршат и инспекциски контроли на готови производи.

Објавил: Македонка Димкин | 24 јануари, 2020 18:32

Не е само отпадот проблем, Македонија увезува и отпад од месо?

Фото/Текст извор: ©фактор.мк

Само Лани Македонија увезла  речиси 9.000 тони или точно 8,9 милиони килограми машински обезкостено месо со кое домашни компании направиле виршли и посебни салами. Законски увозот е дозволен иако во Европската Унија регулативата за употреба на оваа суровина е поригорозна.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство за Фактор велат дека редовно земаат мостри за лабораториско испитување при увоз или при сомнеж, но дека вршат и инспекциски контроли на готови производи.

„Согласно законските и подзаконските акти не постојат пречки за увоз на машински обескостено месо (МОМ) кое  се користи исклучиво во производството на полутрајни  производи ( најмногу виршли и посебни салами). Мостри за лабораториско испитување при увоз се врши согласно Годишниот мониторинг план за мострирање или при сомнеж, а контроли и лабораториски испитувања се вршат и во согласност со Годишниот план за вршење на инспекциски контроли, во рамки на кој се земаат мостри и се врши лабораториско испитување на готови производи каде МОМ се користи како суровина за производство, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Колку виршли и посебни салами се јадат во Македонија, покажува и податокот за увозот на ова месо во Македонија. Според податоците од Агенцијата лани најмногу вакво месо сме увезле од Грција и тоа над три илјади тони, следува Романија со 1,5 илјади тони, па Италија со 1,2 тони. Од Полска се увезени 1,1 илјади тони, а се увезува и од Босна и Херцеговина, Канада, Унгарија, Бугарија, Словенија и други.

Фактор праша и кој се фирмите увозници но од Агенцијата со краток одговор без детали.

„ Агенцијата за храна и ветеринарство води детална евиденција за увезените количини, земјите на потекло и операторите со храна кои го реализираат увозот, велат оттаму.

Во Србија пак во моментот во фаза на изработка е нов правилник за квалитет на месото со кои надлежните институции очекуваат да се зголеми квалитетот и на виршлите и саламите. Претседател на Националната  организација на потрошувачите во Србија Горан Паповиќ вели дека многу од нивните забалешки се усвоени. Ќе биде регулирано ако производот е од чисто месо тоа д абиде наведено, а ако не да стои сроден производ, нешто што досега не било означено.Механички одвоено месо е производ кој што е добиен по обескоскувањето, со одвојување на месото од коските, или од трупови на живината, со помош на механички средства кои резултираат со губење или модификација на мускулната фибрилна структура.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести