Најавторитетниот руски експерт за Балканот кој е познавач на постјугословенскиот простор напишал повеќе книги за значењето на српските политичари како и за историјата на Балканот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 јуни, 2019 15:29

Не е точно дека Милошевиќ го изгуби Косово!Шок интервју со руски експерт, открива кој помогнал за поделба на Косово и кои се плановите за Голема Албанија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

За што воопшто може да се разговара со косовските Албанци, кога тие секогаш покажуваат дека не се спремни за никаков компромис? Тие успеаа да добијат многу повеќе отколку што сонуваа, благодарение на своите заштитници, пред се Американци.

Никифоровиќ е руски експерт кој раскажува како всушност било поделено Косово…

И сега би требало да се постигне компромиг со Белград, тие тоа не го сакаат, бидејќи логиката на приштинските политичари е зошто да даваме нешто што го добивме. Кога искрено би сакале да и помогнат на Србија, Американците и западна Европа би можеле да го натераат раководството на Приштина да биде разумно со своите амбиции. Тие кои на косовските Албанци им дадоа држава можат да ги воспитаа односно да ги донесат до компромис,вака го започнува ексклузивното интервју за Новости , др. Константин Никифоров, директор на институтот за изучување на Балканот и словенскиот народ, на Руската академија.

Најавторитетниот руски експерт за Балканот кој е познавач на постјугословенскиот простор напишал повеќе книги за значењето на српските политичари како и за историјата на Балканот.

Одлично ја познава новата историја бидејќи едно време работел како пишувач на говори и материјалите за претседателот Борис Николајевич Јељцин.

– Српското раководство навистина е во многу тешка ситуација што се однесува до косовските Албанци.Во право е претседателот Александар Вучиќ кога вели дека Албанците не се подготвени да разговараат, истакнува Никифоров, додавајќи дека во Србја често пати може да се слушне дека Слободан Милошевиќ го изгубил Косово, но тоа не е во целост вистина. И пред да дојде тој на власт, косовските Албанци успеаа да ги остварат своите сепаратистички планови. Со постојаните притисоци кои ги вршеа на Србите во Косово, тие успеаа да ги остварат своите планови, а Србите полека почнаа да се иселуваат, па Албанците со повисокиот наталитет успеаа да ја сменат демографската структура на покраината. Некогашното раководство на Југославија веруваше дека доколку им даде повеќе права на Албанците, тие ќе се откажат од сепаратистичката тенденција, но се покажа спротивното.

Дали постоеше момент во минатото кога поделбата на Косово би била во полза на Србија?

– Паметните луѓе и тогаш велеа дека мора да се пдоели покраината. Се сеќавам дека кога го поделија Косово и Метохија говореше Добрица Ќосиќ.

Дека тоа е своевремено направено, Србија можела да добие поголем дел од Косово. Но нажалост Србите низ историјата често пати задоцнуваа со донесувањето на правилните одлуки.

Ја поддржував идеата на Ќосиќ, а луѓето со кои тогаш разговарав ми велеа дека тоа е предавство. Сега е доцна бидејќи Албанците се во подобра ситуација.

Како вам ви звучи изјавата на Пацоли дека Албанците и Србите ќе влезат во ЕУ, па поради тоа треба да се укинат граничните пунктови?

– Тоа е трик кој му помага на Пацоли да ги помири Србите. Без јасна граница со Косово,тие и натаму ќе заземаат простор од јужните делови на Србија и ќе тргнат накај север.

Може ли Ангела Меркел, која многу пати рече дека е против  “Велика Албанија”, да го спречи тој процес?

– На западот му е тешко да признае дека направи држава на чие чело се луѓе со криминални досиеа. Секако да говорам за Тачи и Рама со кои и Албанија не може да влезе во ЕУ. Сега веќе во западна Европапочувствуваа што значи албанска мафија која се занимава со продавање дрога и проституција. Иако албанска мафија веќе прави големи проблеми на Западот и поради тоа се почесто тамошните политичари молчат, а полицијата во некои држави за тоа говори погласно а некаде потивко, вели Никифорович.

AАмериканскиот амбасадор во Приштина ги критикува своите домаќини на високите функции дека поставуваат луѓе осудени за злосторство. Истовремено Клинтон го фали Косовското раководство.

– Тие кои на Албанците им подарија држава и подоцна од тоа имаа материјална корист, секако дека го фалат раководството на Приштина. Што се однесува до критиката на американскиот амбасадор, тоа го прави за да остави впечаток дека тој е праведен. Знаеа дека порано во Белата Куќа кој се Тачи, Хардинај и нивното друштво, бидејќи беа на американската листа на терористи.Меѓутоа ги скинаа и соработуваа кога OVK им беше потребен,вели Никифорович.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.