Ваквата одлука беше соопштена на денешната седница на Собранието.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 мај, 2019 12:46

НЕ ИЗДРЖА: Павле Богоевски си поднесе оставка (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако во јавноста излезе аудио снимката за аферата на пратеникот Павле Богоевски, на која нарачува масло од канабис за својата сестра, Богоевски денеска  си даде оставка од функцијата пратеник во Собранието. 

– Снимката која се појави на руски социјални мрежи како наводно нарачувам кокаин а всушност масло од канабис е стара неколку месеци и е направена од скопски таксист кој ме снимал додека зборувам на мобилен телефон.

Ваквата одлука беше соопштена на денешната седница на Собранието. Богоевски пред малку на седницата на Комисијата за мандатното имунитетна прашања во Собранието, ја соопшти својата одлука. Инаку на седницата се одлучува за мандатот на Никола Груевски, токму Богоевски беше претседател на комисијата.

Не би сакал мојата функција да влијае врз правосудните органи, и уште еднаш ќе ги повикам органите на прогонот целосно да го истражат настанот за мојата  одговорност, но и за одговорноста на тие што против правно снимале и објавиле.Одлуката ја соопштувам сега, а не тогаш од две многу големи причини.Колеги пратеници останете верни на принципите. Знам дека политиката е валкана игра, изјави Богоевски.

Како негова заменичка е назначена Снежана Калевска Ванчева, а по оставката на претседателот Павле Богоевски седницата на комисијата е прекината.

Иако премиерот Зоран Заев застана во негова одбрана, се чини Павле Богоевски не успеа да го издржи притисокот од граѓаните кои постојано посочуваа дека мора да си поднесе оставка.

Јас сум транспарентен човек секогаш сум повикувал на одговopност, сум paзрешил луѓе, директори…Сега зборувам за нови пpoмени. Она кое што во приватниот живот на одредена личност нема рефлekсија врз извршувањето на неговата јавна функција за мене е негово лично пpaво како се однecyва. Затоа и мојата политичка партија соопшти дека тоа е негово лично пpaво, негова лична одговopност и етичko однecување. Неговото работење во парламентот е ycпешно. Тој е еден од активните учесници во парламентот и учествува во комисиите. Каква и политичка одлука да донесе ќе ја почитувам, изјави Заев за Богоевски .

Неговата изјава ја пренесе Канал 5.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.