Според најновите податоци само во Лазарополе се дише.

Објавил: Весна Петровска | 5 декември, 2019 21:52

НЕ ИЗЛЕГУВАЈТЕ ОД ДОМА: Вечерва само Лазарополе ДИШЕ

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Паднаа температурите, порасна загадувањето. Скопје утринава беше трет најзагаден град во светот. Пред нас се само главните градови на Авганистан и Индија. Во метрополата тешко се дишеше и вчера. Мерните станици кај Ректорат, Карпош и Ѓорче покажуваа алармантни вредности на штетните ПМ честички. Зголемено аерозагадување имаше и во повеќе градови Битола, Струмица, Куманово. Еко активистите сметаат дека нема конкретни мерки од надлежните, а во меѓувреме се зголемувал бројот на смртни случаи поврзани со аерозагадувањето.

Граѓаните ниту вечерва не можат да дишат чист воздух. Загадувањето е големо.

Од градовите во моментов е најзагадено во Куманово, а од скопските општини на неславното прво место се јавува Гази Баба.

Загадено вечерва и во Струмица и Тетово.

Според најновите податоци само во Лазарополе се дише.

 Куманово -324

Гази Баба – 248
Струмица -222

Тетово- 186

Миладиновци -166
Ректорат – 160
Битола 116

Карпош -108

Центар -96

Кочани – 55

Лазарополе 2

 

Извештаите пак на Светската здравствена организација покажуваат дека во Македонија околу 2.500 луѓе умираат предвреме секоја година како директен резултат на загадувањето на воздухот. Според пулмолозите аерозагадувањето најмногу ги погодува хронично болните.

Во сабота жителите на Ѓорче Петров ќе протестираат против загадувањето на воздухот, поради нерасчистената депонија во Ново Село.

Граѓаните постојано лоцираат и објавуваат фотографии од загадувачи но од мерките не се задоволни. Градоначалникот Шилегов пак смета дека тој предначи во мерките кои се преземаат во борбата за почист воздух.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.