Имено во емисијата актерот Дејан Лилиќ ќе открие како се чувствувал кога ја отворил сезоната на капење во Охрид и тоа во месец април. Тој раскажа интересни случки за време на снимањето на филмот, а Благој раскажа интересни приказни од Берлинале каде што ја доби наградата „Шутинг старс“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 декември, 2019 15:38

„Не инсталирајте МојДДВ, јас се зае*ав“: како изгледа кога Нина чита злобни твитови

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во недела на Канал 5 телевизија ќе имаме можност да гледаме едно интересно издание на емисијата „Еден на Еден“ каде во деветата епизода од 11 сезона ќе гостуваат актерите Дејан Лилиќ и Благој Веселинов кои зборуваа за филмот „Дедо и внук“, но разговараа и на многу други теми.

Имено во емисијата актерот Дејан Лилиќ ќе открие како се чувствувал кога ја отворил сезоната на капење во Охрид и тоа во месец април. Тој раскажа интересни случки за време на снимањето на филмот, а Благој раскажа интересни приказни од Берлинале каде што ја доби наградата „Шутинг старс“.

Министерката за финансии Нина Ангеловска во недела ќе биде гостинка во емисијата „Еден на Еден“ каде заедно со директорката на УЈП Сања Лукаревска ќе чита злобни твитови за апликацијата „Мој ДДВ“.

Имено во емисијата во недела ќе може да ги видиме и министерката за финансии Нина Ангеловска, која ќе гостува заедно со директорката на УЈП Сања Лукеревска.

Двете заедно ќе имаат еден дел за омуникација со гледачите. Ангеловска и Лукаревска ќе читаат злобни твитови за апликацијата „Мој ДДВ“ а како и секогаш емисијатаи оваа недела ќе ја развесели комичарот Маријан Ѓорѓиевски со мини стендап шоу.

Инаку вчера беа објавени првите 30 добитници на наградите од МојДДВ #МојаНаграда.

Министерката истакна дека со ова е постигнат голем успех бидејќи за само три дена се скенирани над 60 проценти повеќе сметки на дневно ниво, зголемена е наплатата на ДДВ за 15 проценти, како и дека има трипати повеќе нови корисници на мобилната апликација.

Погледнете ја најавата за емисијата и откријте што ве очекува во недела.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.