Во официјалните документи кои ги објави Курир од болницата Аџибаден Систина е потврдено дека на 27.01 2020 Чавков има закажано операција. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 31 јануари, 2020 10:33

Не му дозволиле да оди на операција- Чавков пет дена штрајкува со глад

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Веќе петти ден Митко Чавков, поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност(БЈБ) штрајкува со глад во штипскиот затвор, откако не му било дозволено да оди на операција за колено.

“Заради грубо кршење на Уставно загарантираното право на здравствена заштита, вградено и во Законот за извршување на кривични санкции, заради АРБИТРЕРНОТО толкување на правото на здравствена заштита од директорот на Казнено поправниот дом Штип, пристапувам кон ШТРАЈК со глад“, објави Чавков.

Во официјалните документи кои ги објави Курир од болницата Аџибаден Систина е потврдено дека на 27.01 2020 Чавков има закажано операција. 

Чавков е осуден на 18 години затвор за настаните во Собранието на 27-ми април. Човек кој цела кариера ја посвети да се грижи за безбедноста на граѓаните, стана жртва на политички прогон.

Чавков поднесе жалба бидејќи не му било дозволено да се оперира. Во жалбата во која е наведено дека со уредна медицинска документација, за потребата од оперативен зафат кој трае само два дена, со документација за закажани датуми за преглед и операција, беа запознаени одговорните раководители и директорот на КПД Штип.

-Медицинската документација ја игнорираат со нерационални и усмени одговори со што се ставија во улога на ГОСПОДАРИ НА МОЕТО ЗДРАВЈЕ, објави тој.

-Заради арбитрерното токување на позитивната обврска за здравствена заштита од државата, ќе бидат запознаени и Комитетот за превенција и заштита од тортура и ќе поднесам кривична пријава за сомневање за извршено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување како и тужба за кршење на уставно загарантираното право на здравствена заштита. Директорот на Установата не се ни воздржа да каже дека причина за неразумното и арбитрерно толкување и попречување на операцијата без писмено да ме извести според него било и поради “ЗВУЧНОСТА” на моето име и презиме, што е ПРЕСЕДАН!!! Политичка координација заради попречување на правото на здравствена заштита е не само преседан туку и акт на системска тортура, додава тој.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести