Соопштение на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ за предлог законот за попис предложен од власта !

Објавил: Узунов Бобан | 11 јуни, 2019 9:17

Не се попишуваат матични броеви туку граѓани !

Фото/Текст извор: ©магазин

Власта продолжува со самоволието и спроведувањето штетни политики со единствена цел, Зоран Заев да ја зачува својата фотелја на Илинденска б.б., обвини ВМРО-ДПМНЕ. Според опозициската партија, пописот е статистичка операција од големо значење за државата, операција која во една нормална држава ја одредува насоката во која ќе се движат државните политики.

„Во Република Македонија, Зоран Заев пописот го разбира како политичка алатка која му служи за исплата на политичките концесии кои го донесоа овој човек на власт. Во ниту една европска држава не се попишуваат матични броеви туку домаќинства и граѓани. Препораките на Еуростат не велат дека една земја аспирант за членство во Европската Унија треба да попишува матични броеви. Заев продолжува со злоупотребата на државните и националните интереси со единствена цел останување на власт, а распродажбата на истите веќе му поминува во навика.

Аболицираниот Заев по кој знае кој пат го покажува недостатокот на Европските вредности. Криминалната банда на власт повторно на шверцерски начин протуркува уште едно погубно законско решение за македонската држава. Опозицијата повторно е исклучена од ваквиот процес за носење на закон кој е од суштинско значење за државата. Ваквото однесување на власта е недозволиво. Зоран Заев ризикува повторно да се соочи со гневот на народот, како што тоа се случи со неуспешниот референдум за промена на името. Крајот на криминалната банда е близу.

Што и да направи аболицираниот Заев тоа нема да го пролонгира крајот на неговата политичка кариера, тој за граѓаните е прочитана книга. Само кога Заев ќе замине од политичката сцена во државата, Македонија ќе има шанса да се врати на вистинскиот пат на реформи, економски просперитет и добробит за македонските граѓани“ се наведува во соопштението.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести