Научниците велат дека најдобро е чоколадото да се јаде наутро, со цел да останеме концентрирани а и мозокот подобро работи во текот на денот доколку наутро примиме одредена доза на шеќери.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 мај, 2019 23:23

Не треба да се откажувате од чоколадото, треба да знаете кога да го јадете

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Научниците дадоа зелено светло за јадење на чоколадото. Тие велат не треба да го исфрлите од исхраната, едноставно треба да знаете кога да го јадете.

Научниците велат дека најдобро е чоколадото да се јаде наутро, со цел да останеме концентрирани а и мозокот подобро работи во текот на денот доколку наутро примиме одредена доза на шеќери.

Секојдневното консумирање на мали количини темно чоколадо може минимално да го снижи високиот крвен притисок.

Експертите од Универзитетот во Сиракуза наведуваат и неколку други ситуации во кои црно чоколадо е повеќе од добредојдено: на пример, пред да се полага испит, но и пред спиење.
Чоколадото е наш најдобар пријател и кога сме лошо расположени; го стимулира создавањето на ендорфин, хормон кој нè прави посреќни. Покрај тоа, црното чоколадо го намалува ризикот од мозочен удар.

Црното чоколадо доколку се конзумира во нормални количини е добро за здравјето.

Иако многумина не веруваат, сепак чоколадото е здраво. Тоа е богато со хранливи состојки. Антиоксиданти, железо и цинк а има и витамин Ц. Антиоксидантите го успоруваат процесот на стареење, цинкот е важен за добар вид, а ги јакне коските, мускулите, косата и ноктите.

Црното чоколадо е извор на потребните минерали како магнезиумот. Чоколадото позитивно делува на активноста на мозокот, го зајакнува срцето и коските и има позитивно влијание на мускулите. Уште една придобивка од црното чоколадо е тоа што го намалува ризикот од згрутчување на крвта.

Мора да знаете дека во одредени моменти темното чоколадо помага и за намалување на килограмите. Неговиот горчлив вкус на темното чоколадо го намалува апетитот, а млечните чоколади дополнително го стимулираат. Неколку коцки темно чоколадо ќе ја задоволат дневната потреба за слатко и на тој начин полесно ќе го контролирате бројот на калории кои ги внесувате со вашата диета.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...