На оваа вест не останаа рамнодушни нејзините фанови, а и многумина беа изненадени бидејќи пејачката на неколку наврати, во интервјуа потенцираше дека  токму сопругот и е голема поддршка.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 февруари, 2020 11:42

„Не успеав да го спасам бракот“: Елена Велевска си ја отвори душата!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Уште пред две години, летото во август 2018 година во јавноста како бомба одекна веста дека познатата фолк пејачка, сексипилната Елена Велевска која е мајка на три дечиња, се разведува од нејзиниот сопруг Марјан.

На оваа вест не останаа рамнодушни нејзините фанови, а и многумина беа изненадени бидејќи пејачката на неколку наврати, во интервјуа потенцираше дека  токму сопругот и е голема поддршка.

Пред извесно време, пејачката реши да си ја отвори душата, и пред јавноста изјави дека причината за разводот била семејно насилство. Три месеци подоцна Велевска изјави дека решила да даде уште една шанса на љубовта и дека со сопругот Марјан одлучиле да се смират и да го спасат бракот.

Пејачката Елена Велевска се разведува од нејзиниот сопруг, бизнисменот Марјан со кого има три деца…

Во емисијата Бекстејџ,  Велевска откри дека таа и Марјан не успеале да најдат заедничко решение за брачните проблеми и недоразбирања, и дека овој пат двојката дефинитивно се разведува.

За естрадниот магазин „Бекстејџ“, таа истакна дека разводот е во тек.

Инаку Елена и бизнисменот Марјан Мирчески имаат три деца, ќерките Софија и Калија и синот Марко. Велевска во едно интервју откри како се запознала со нејзиниот сопруг. Таа била на турнеја во Австралија во 2002 година и како што откри во една прилика тоа било љубов на прв поглед.

– Ме освои со едноставноста. Најубавите работи и брзо се случуваат, тој беше таму, јас овде, помина малку време кога Марјан одлучи да се врати во Македонија и да започнеме заеднички живот во неговиот роден град Охрид. За жал, немавме време за свадбена веселба каква што си посакував – раскажа Велевска во едно интервју.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.