– Државите од Западен Балкан треба да вложат максимални напори за развој на односите со своите соседи од ЕУ. Несомнено еден од најдобрите примери за тоа е договорот меѓу Софија и Скопје што ја отвори можноста за отворање на преговорите со Северна Македонија за членство во Унијата, рече Борисов.

Објавил: Весна Петровска | 5 јули, 2019 17:46

НИЕ СМЕ ПРИМЕР ЗА ГРАДЕЊЕ ДОБРОСОСЕДСКИ ОДНОСИ: Заев го покани Борисов заедно да се поклонат пред Гоце Делчев

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Бојко Борисов на денешната средба со премиерот Зоран Заев, одржана на маргините од Самитот на земјите од Западен Балкан што се одржува во полскиот град Познањ во рамки на Берлинскиот процес изјави дека договорот за пријателство меѓу Бугарија и Северна Македонија е пример за градење на добрососедски односи во регионот.

– Државите од Западен Балкан треба да вложат максимални напори за развој на односите со своите соседи од ЕУ. Несомнено еден од најдобрите примери за тоа е договорот меѓу Софија и Скопје што ја отвори можноста за отворање на преговорите со Северна Македонија за членство во Унијата, рече Борисов.

Борисов: Договорот меѓу Бугарија и Северна Македонија е пример за градење на добрососедските односи

Тема на нивната средба била и билетералните односи и за предизвиците кои се соочуваат овие две земји.

– Отворивме перспектива за граѓаните на Република Северна Македонија и создадовме предуслови за потпишување на Договорот од Преспа, истакна бугарскиот премиер.

Премиерот Зоран Заев изјави дека без лидерството на Борисов не би бил можен Договорот за добрососедство. Тој го покани Борисов заедно да ја одбележат втората годишнина од неговото потпишување на 1 август и заедно да се поклонат пред споменикот на Гоце Делчев.

– Уште еднаш примете ги моите чувства на пријателство и признание кон нас и кон Бугарија, кажа Заев.

Борисов се осврна и на работата на Мешовитата комисија за историски прашања. Посочи дека бугарската страна уште од 1992 година настојува „за објективно претставување на историските факти“. – Задоволни сме што постепено, а се надеваме и трајно, вистината за заедничката историја вклучително и за Гоце Делчев почнува да се кажува јавно од политичари на највисоко ниво во Република Северна Македонија, како на пример претседателот Стево Пендаровски, истакна Борисов.

Тој најави дека ќе има средба со Пендаровски следната недела во Сараево на состанокот на ПСЈИЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.