Прагматичар сум и не можете да ме убедете во спротивното, бидејќи ако не беше така животот ќе беше веќе дојден, народот ќе земаше 500 евра плата , а младите ќе ја планираа иднината во земјава.

Објавил: Македонка Димкин | 12 октомври, 2018 11:55

Никогаш нема да прифатам на ваков начин, бидејќи истиот го доживувам како насилство рамно со фашизам!

Фото/Текст извор: ©магазин

Зошто е носењето на законот на Јазиците неуставно:

1.  Имаме неуставно и недемократско бирање на Претседател на Собранието
2.  Јавното Обвинителство досега не поднело ни една пријава за упадот во системот од страна на неколку партии.
3.  Имаше пукање во Собранието од страна на неовластено лице, исто така досега нема пријава
4.  Се затвори народ кој се обиде да го брани Македонскиот устав и сеуште е во притвор со обвинение Тероризам
5.  Се ослободија убијците на децата од Смилковско езеро иако беа правно осудени
6.  Се ослободија сите криминалци од затворите вклучено и убијци и педофили и со тоа се зголеми опасноста по безбедноста на Македонците
7.  Премиерот е исто така избран на недемократски начин имајќи го предвид фактот дека е избран од нелегитимно и неуставно парламентарно мнозинство

Не сум против ни едно малцинство напротив цврсто верувам дека секој има нешто посебно и убаво. Верувам дека мора да градиме соживот и взаемен респект да. Но како да веруваме во системот на Република Македонија кога еден таков важен закон се носи со криење од јавноста, со лаги и манипулации, или поедноставно кажано со силување на системот и Државата?

Како? Како да живееме понатаму во една Држава во која некој смее да прави се и сешто бидејќи е тој Македонски Албанец висок функционер на партијата на власт, да паркира на недозволено, да тепа полицајци а притоа да не сноси никаква одговорност? А друг да биде затворан за тероризам, и тоа во момент кога Македонскиот е единствен Државен јазик.

Со што треба МАКЕДОНЕЦОТ да смета после тоа, ако Албанскиот Јазик стане службен Јазик на цела територија и кои ќе бидат последиците од истото???

А. Промена на Химната,
Б. Промена на Македонското Знаме
В. Промена на многу имиња на улици, училишта
Г. Пренатрупано вработување во Државната Администрација која што ќе биде потребна за да се имплементира истото
Д. Казни за непочитувањето на Албанскиот јазик
Ѓ. Милионски суми од народ кој е повеќе од 75% за малцинство кое е по малце од 20%
Ж. Почеток на федерализација на Македонија со условување од денешните актери
Е. Криза од несогледливи размери!

Дали тоа ќе значи дека купувањето на Македонски имоти ќе продолжи со позабрзано темпо а тоа ќе значи и иселување на Македонскиот народ од сопствената држава или тоа ќе значи дека македонецот ќе се плаши да се движи слободно во својата држава ?

Васко Белески е македонски музички продуцент и маркетинг-комуникациски менаџер кој повеќе од дваесет години живее во Швајцарија но во Македонија е многу присутен и познат хуманитарец и неуморен борец за Македонија.

И на кај на краиштата,  кому тоа му треба Албанскиот јазик да биде државен и тоа во ситуација кога во Македонија народот едвај проживува? Кој што добива? Од каде тоа ќе се најдат пари за толкави промени? Зошто баш сега кога Македонија не може глава да крене од тригодишната наметната криза и без дебати, со исклучување на Македонскиот народ кој е најмногу засегнат?? Кој тоа ќе ја плаќа и така пренатрупаната администрација???
Дали добива нешто албанскиот народ освен уште поголема оддалеченост од Македонскиот народ? И како сега тоа одбивање и нелојалност да го сфатиме како со живот???

Што ќе биде со здравствените установи? Значи ли тоа Македонците ќе одат само кај Македонски лекари бидејќи другите ќе одбиваат да го зборуваат Македонскиот? Можам уште 1000 причини да наведам зошто е Законот за Јазици неуставен и опасен ама сепак ќе завршам само со фактот дека во Македонскиот Устав пишува дека Државен Јазик е Македонскиот Јазик и неговото кирилско писмо. КРАЈ

Ако веќе треба да се носи таков јазик, прво треба да бидат опфатени сите малцинства , и второ тоа треба да се направи еден Совет кој во рок од неколку години би ги испеглал сите разлики, би ги зел сите опасности и ризици од овој Закон и тек тогаш да се донесе во Собрание да се гласа од сите за сите. Вака се гледа од 1000 км дека ова е само планирано сценарио со цел уништување на Македонија и Македонецот. Прагматичар сум и не можете да ме убедете во спротивното, бидејќи ако не беше така животот ќе беше веќе дојден, народот ќе земаше 500 евра плата , а младите ќе ја планираа иднината во земјава.

Ништо од сето тоа СЕ Е ЛАГА и тоа боли, боли брат и тоа како…..

„Никогаш нема ова да го прифатам на ваков начин, никогаш бидејќи истото го доживувам како насилство рамно со фашизам„

Напиша на својот Фејсбук профил Васко Белески

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...