Македонскиот шампион Вардар со неверојатна игра во второто полувреме ја победи Барселона со 29:27.

Објавил: Перо Милчин | 1 јуни, 2019 21:01

НИКОЛА ГРУЕВСКИ СО ГОЛЕМА ПОДДРШКА ЗА ВАРДАР ОД ГЕРМАНИЈА!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Вардар ќе игра во финалето од Лигата на шампионите во ракомет! Македонскиот ракометен шампион ја смачка Барселона во Келн.

Македонскиот шампион Вардар со неверојатна игра во второто полувреме ја победи Барселона со 29:27.

Имено, на социјалните мрежи се појави фотографија од екс премиерот на Република Македонија, Никола Груевски заедно со неговата сопруга Боркица, како дава голема поддршка на ракометниот шампион Вардар од Германија, меѓутоа оваа фотографија е настаната пред две години, додека премиерот не беше во азил.

На социјалните мрежи граѓаните ја споделуваат фотографијата и коментираат дека токму Никола Груевски, им донесол среќа на македонските ракометари во вечерашниот натпревар во Келн.

Во првото полувреме Вардар постигна само девет голови и на полувреме заминавме со негатива од седум голови разлика, 16:9.
Во второто полувреме, негативата на Барселона полека почна да се топи.

Во последните минути Барселона почна да ја губи контролата врз резултатот, додека од друга страна одбраната на Вардар играше феноменално, а нападот беше ефикасен, ги реализираше шансите и на крајот славеше победа од 29:27.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.