Апелирав да се воздржиме од патувања во странство. Од вчера на пладне до рано утрово, бројот на македонски граѓани кои заминале од земјата е 1.331

Објавил: Македонка Димкин | 18 март, 2020 10:00

Никола Димитров апелирал да не се оди на патувања, овие не го почуле?

Фото/Текст извор: ©магазин

Министерот за надворешни работи Никола Димитров синоќа се огласи на социјалните мрежи во врска со непочитувањето на апелот граѓаните да се возржат од патувања, во ситуација кога се шири заразата од коронавирусот.

» Апелирав да се воздржиме од патувања во странство. Од вчера на пладне до рано утрово, бројот на македонски граѓани кои заминале од земјата е 1.331 – посочи министерот.

Тој вели дека не сака да навлегува во мотивите бидејќи можеби станува збор за нужни патувања, но нагласува дека на граѓаните изгледа недоволно им е јасна ситуацијата во регионот, во Европа и во светот.

» Државите спуштаат рампи постојано, се затвораат аеродроми, се менуваат граничните режими, се забранува влез на странски државјани, се менуваат правилата на секои неколку часа. Во услови на ваква огромна глобална криза, со целосна непредвидливост на дневна основа, ние апсолутно не можеме да гарантираме дека ќе можете да си дојдете дома тогаш кога сте планирале – нагласува министерот, кој уште еднаш апелира луѓето да ги одложат сите патувања кои не се исклучително итни.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести