петок, 19 април 2024

MK/ EN/ DE



На прашањето дали бил известен и каква е процедурата при вакви разговори Димитров одговори дека колку повеќе се додава оган на збрката толку ја растеме.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 јули, 2019 16:39

Никола Димитров: Во 21 век не е можно за секој контакт има белешка (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По средбата со амбасадорката на Украина во врска со сканалот со руските комичари,Министерот за надворешни работи Никола Димитров, изјави дека целта на лажните вести и лажното претставување е дефокус и збрка, а вистинска ноост и вест е порастот на размената со Украина од 35 милиони евра на 80 милиони и реално нешто е нашите граѓани кога ќе патуваат во Украина без визи,изјави тој за пресинг тв.

Мислам дека ќе помагаме на тие што можеби немаат интерес за решавање проблеми, за успех на нашите стратешки цели и затоа не би сакал да додавам гориво на оваа приказна – објасни министерот.

На прашањето дали бил известен и каква е процедурата при вакви разговори Димитров одговори дека колку повеќе се додава оган на збрката толку ја растеме.

Живееме во денешен свет каде што сите државници комуницираат директно едни со други.Мислите за секој контакт има белешка. 21 век и 2109 година, животот е брз, работата е брза, дипломтијата е многу брза и особено за земја која многу години изгуби делумно во од во место делумно одејќи назад, особено меѓу 2008 и 2017.Во овие ве години имаме неверојатни резултати токму во надворешната политика. Се гледа НАТО членството а оптимист сум и за пристапни преговори со ЕУ.Прашањето што ни беше котва и што не влечеше назад за името е зад нас. Оваа филозофија со белешки е филозофија на минатиот век.Ниту сме единствени што биле жртва на лажно претставување, веројатно такви нешта ќе има и во иднина во смисла на обиди. Да се концентрираме на реалноста и иднината – смета Димитров.

извор пресинг.тв

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.