Министерот изрази сочувство за настраданите од невремето на Халкидики на својот Твитер профил.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 јули, 2019 11:07

Никола Димитров изрази сочувство за настраданите на Халкидики: Подготвени сме да помогнеме

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото Курир.мк

По страотното невреме кое ја зафати Грција, поточно Халкидики, каде загинаа повеќе од седум лица, а над 100 се повредени, се огласи и министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Никола Димитров.

Никола Димитров изрази сочуство на својот Твитер профил

Министерот изрази сочувство за настраданите од невремето на Халкидики на својот Твитер профил.

Во сочувството кое го објави на социјалната мрежа Твитер, Димитров вели дека е во неверување од ужасното невреме во областа Халкидики во Грција каде животот го загубила над седум туристи. 

– Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата и најблиските. Ние сме подготвени да помогнеме за се што е потребно, наведува првиот човек на МНР, Никола Димитров.

За потсетување, на полуостровот Халкидики вчера беше прогласена вонредна состојба.

Телефонските и интернет врските беа прекинати на полуостровот, а МНР излезе со соопштение и изјави дека нема информации за повредени македонски туристи.

До овој момент нема информации за настрадани државјани на Северна Македонија во невремето што го зафати поширокиот грчки регион Халкидики, потврдија за МИА од МНР.Засега ниеден македонски државјанин не пријавил ниту штета од невремето. Во тек се дополнителни проверки од страна на надлежните институции.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести