Не смееме никако да ја потценуваме епидемијата“ – напиша на Фејсбук, поранешниот министер за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски.

Објавил: Рејхан Бајрами | 23 октомври, 2020 6:04

Никола Попоски позитивен на ковид-19

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

„Добив позитивен разултат на тест за ковид. Добар сум и немам симптоми. Не смееме никако да ја потценуваме епидемијата“ – напиша на Фејсбук, поранешниот министер за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски.

Завршил на економскиот факултет на Скопскиот универзитет и бил стипендист на француската влада на универзитет во Ница.

Магистрирал европски економски студии на колеџот на Европа во Бриж, Белгија.

Во периодот од 2003 до 2004 работел во државната управа на руренско пристаниште, а до 2004 бил и секретар во француската амбасада во Македонија.

Во 2010 година бил именуван за амбасадор на Македонија во мисијата на ЕУ во Брисел.

Попоски зборува француски, англиски, италијански, холандиски и хрватски.

Добитник е на „награда за посебен придонес од доменот на ЕУ политиката за проширување“, доделена од Европската Комисија.

Вчера беа направени 2634 тестирања, а регистрирани беа 640 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 272
-Куманово 43
-Дебар 5
-Штип 17
-Прилеп 41
-Тетово 41
-Струга 4
-Велес 11
-Битола 10
-Охрид 24
-Кавадарци 41
-Гостивар 12
-Гевгелија 11
-Струмица 24
-Крива Паланка 2
-Радовиш 9
-Кочани 20
-Пробиштип 3
-Берово 2
-Валандово 3
-Виница 4
-Делчево 3
-Свети Николе 7
-Кичево 17
-Ресен 4
-Неготино 10

Починати се 12 лица, двајца пациенти од Велес (79 и 89г), седум пациенти од Скопје (63, 78, 70, 73, 70, 71 и 64г), еден пациент од Прилеп (73г), еден од Штип (72г) и еден пациент од Струмица (85г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Институтот за јавно здравје регистрира 143 оздравени пациенти од:

-Скопје 71
-Куманово 5
-Дебар 1
-Штип 7
-Тетово 10
-Струга 4
-Велес 2
-Битола 3
-Охрид 3
-Кавадарци 3
-Гостивар 5
-Гевгелија 2
-Струмица 9
-Радовиш 1
-Кочани 6
-Берово 3
-Валандово 3
-Свети Николе 2
-Кичево 1
-Неготино 2

Досега во земјата се направени вкупно 229.246 тестирања на Ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 25473, бројката на оздравени пациенти е 18047, на починати е 874, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 6552.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести