СДСМ денеска ги комплетираше првите луѓе на своите партиски комисии, изјави по состанокот генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски.

Објавил: admin@magazin | 18 јули, 2019 22:19

Николовски ги соопшти имињата на новите претседатели на комисиите на СДСМ!

Фото/Текст извор: © онлине /магазин

Задоволство ми е што имаме многу нови луѓе, млади кои што се спој на искуство и стручни луѓе на авторитет и одговорност, коишто ќе дадат нов квалитет во делувањето на СДСМ, особено во делувањето и креирањето на политиките на партијата, рече Љупчо Николоски, веднаш по завршувањето на Централниот одбор на СДСМ.

По завршувањето на одборот, генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски рече дека СДСМ денеска ги комплетираше првите луѓе на своите партиски комисии.

Снежана Калеска-Ванчева, пратеничката во Собранието на РСМ е избрана за нов координатор на Форумот на жени на СДСМ.

Николоски информираше дека за претседател на Комисија за внатрешни работи е назначен Зоран Верушевски, на Комисија за европски прашања Бојан Маричиќ, на Комисија за економија Кирил Колемишовски, Комисија за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, Комисијата за здравство Венко Филипче, Комисија за земјоделство Зоран Атанасов, Комисијата за труд и социјална политика Милан Живковиќ, за култура Роберт Алаѓозовски, за образование и наука Елизабета Наумовска. Комисијата за надворешни работи ќе ја предводи актуелниот министер за дијаспора Едмонд Адеми, Драган Николиќ ќе ја води Комисијата за одбрана, Златко Николовски Комисијата за правда, Благој Бочварски Комисијата за транспорт и врски, Фатмир Бекиќи Комисијата за финансии, Драган Гоцевски ќе ја води Комисијата за информатичко општество и администрација, Дејан Павлевски Комисијата за локална самоуправа и Митко Андреевски ќе ја води Комисијата за енергетика.

 Во овој период артикулиравме на централно и локално ниво 700 нови луѓе во извршните одбори на општинските организации, во партиските комисии и како претседатели на општински организации на СДСМ процес којшто е целосно завршен, рече Николовски.

Најави дека на следниот Централен одбор ќе бидат донесени пакет мерки коишто се од интерес на граѓаните.

Изборот на претседатели на комисиите како помошни тела на СДСМ беше доминантна тема на денешниот состанок на Централниот одбор на владејачката партија, рече пред почетокот на состанокот премиерот Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести