Дали можеби на тие сеанси се фалела Шекеринска, за според Заев, добиениот датум за преговори уште пред една година, или пак сепак се осврнала стратешки на таа куфер политика?

Објавил: admin@magazin | 3 септември, 2019 14:43

НИКОЛОВСКИ: Дали Шеќеринска информираше за поклонот чевли од брендот Louboutin, подарени од Боки 13

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

После средбите на Радмила Шекеринска и Никола Димитров со специјалниот претставник на САД за Балканот Метју Палмер, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на социјалните мрежи упати неколку јавни прашања до министерката за одбрана и министерот за надворешни работи.

Во име на отчетноста еве неколку прашања за Шекеринска и Димитров на кои како владини претставници должат одговор пред македонската јавност, пишува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски:

Дали Шекеринска кога станало збор за правната држава, ги информираше соговорниците за поклонот чевли од брендот Louboutin дадени од првоосомничениот во случајот „Рекет“?

Кои биле темите на разговор на полноќните сеанси во домот на еден од првоосмничените во случајот Рекет за што и тој самиот се пофали во еден од емитуваните разговори?

Дали можеби на тие сеанси се фалела Шекеринска, за според Заев, добиениот датум за преговори уште пред една година, или пак сепак се осврнала стратешки на таа куфер политика?

Димитров би го запрашал дали можеби ги информирал дека во Македонија нема ниту една постапка против висок функционер на власта иако се потопени во криминал и корупција? Дали ги запозна дека тој лично како Министер за надворешни бил информиран за рекетот врз македонски бизнисмени од најмалку еден странски амбасадор но решил за тоа да молчи и нити да ја информира јавноста, нити обвинителството.

Дали Шекеринска и Димитров информираа дека цела јавност говори дека ова не е рекетарска шема на оние кои се обвинети туку тие се само извршители, зашто нив никој ни денар не би им дал ако над нив не е целиот врв на СДСМ и власта? И конечно дали информираа Шекеринска и Димитров дека вкупната сума на изрекетирани средства од бизнисмените е фантастични 20 милиони евра?

Додека ги чекаме одговорите, знам и подржувам дека треба низ една транспарентна и независна постапка раветлување на случаите поднесени од СЈО, исто како што треба расветлување и одговорност на сите инволвирани во сите случаи на криминал на власта на Зоран Заев!, вели Николоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.