Министерот за економија Крешник Бектеши кажа дека здравата животна средина, безбедноста и здравјето на граѓаните се најголем приоритет на оваа Влада и кон овие прашања секогаш се постапувало со голема внимателност.

Објавил: Владо Марин | 7 јули, 2021 7:02

Николовски и Бектеши: На седум компании им се изречени прекршочни казни од 55.510 евра

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Заменик-претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски и министерот за економија, Крешник Бектеши на прес-конференција информираа за наодите од спроведената сеопфатна анализа што ја направија државните институции за увозот на мазут.

Како што информираше вицепремиерот Николовски утврдени се  неправилности кај дел од компаниите увознички. Изречени се решенија за забрана за работа, забрана за пуштање во промет на мазут и покренати се барања за одземање на лиценците. На седум од компаниите им се изречени прекршочни казни во вкупен износ од 55.510 евра.

Сите наоди како што информираше Николовски утрово се доставени до Основното јавно обвинителство за понатамошно процесирање и утврдување на евентуална кривична одговорност.

Владата покажа загриженост, подготвеност и одлучност за разврска и расчистување на сите сомнежи и прашања поврзани со информациите за увоз на мазут и нафтени деривати. По зададените владини задолженија, сите надлежни институции навреме, во рамки на дадените рокови, доставија информации, секој во согласност на надлежностите. Заедно со Министерството за економија, Царинската управа, Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина и Бирото за метрологија, изминатиов период бевме во постојана координација, размена на информации, а сé со цел да добиеме јасна слика за фактичката состојба. Сето ова покажува дека веднаш по излегувањето на сторијата на ИРЛ, на мој предлог, со Министерството за економија ги задолживме надлежните институции за итни, вонредни и длабински контроли на целиот процес од увоз или производство до продажба на мазут и нафтени деривати. Институциите под ингеренции на Владата, веднаш постапија согласно законите и нивните надлежности и изрекоа соодветни казнени мерки“, кажа Николовски и дополни дека заштитата на граѓаните е врвен приоритет на Владата и додаде дека нема да прават никакви отстапки на тоа поле.

„Заштитата на здравјето на граѓаните и животната средина бара целосна посветеност, решителност и одговорност, тоа е наш врвен приоритет, и тука нема компромис. Граѓаните имаат право на здрава животна средина, а наша обврска е да обезбедиме услови за остварување на тоа право. Затоа, Владата со загриженост и внимателност пристапува не само за оваа информација, туку и за што претставува непочитување на законите и загрозување на јавното здравје“, кажа Николовски.

Вицепремиерот Николовски потенцираше дека согласно владините задолженија при вонредните инспекциски надзори, се опфатени и сите останати фирми увозници, а надзорите се вршени во сите фази, од увоз до складирање и користење на нафтените деривати, а кај дел од нив беа констатирани неправилности во делот на законската обврска за чување залихи и правилно водење на сметководствената евиденција.

Министерот за економија Крешник Бектеши кажа дека здравата животна средина, безбедноста и здравјето на граѓаните се најголем приоритет на оваа Влада и кон овие прашања секогаш се постапувало со голема внимателност.

Во изминатите три недели заедно со вицепремиерот Николовски и со Царинската управа, Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина и Бирото за метрологија работевме интензивно за да утврдиме кои и какви пропусти се направени при увоз на мазут и како ние како Влада, но и Министерство за економија ќе постапуваме во наредниот период за да се избегнат злоупотреби кога станува збор за увоз на нафтени деривати. Квалитетот на нафтените деривати кои што ги користат граѓаните, но и индустриските капацитети мора да бидат согласно највисоките стандарди за безбедност на производите“, кажа министерот Бектеши и дополни дека Владата се залага за зелена агенда, агенда која носи поквалитетен живот на граѓаните.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...