Она што ме тера на „одбрана“ на Павле не е неговиот „грев“, на крајот на краиштата што си дробел нека си срка.

Објавил: admin@magazin | 21 мај, 2019 18:37

НИКОЛОВСКИ: „Како „Илија Громовникот“ го „изработи“ Павле и нас со него„

Фото/Текст извор: ©слободен печат

Скопскиот таксист што наводно го снимил пратеникот Павле мора да бил многу интелиџент(ен) штом наместо за пари,политички го искористил во одреден момент.

Павле е добар, Павле е лош, Павле да си оди, Павле да се тестира, уаа Павле…Со ова сега се занимава целата македонска јавност. И не толку граѓанската, колку политичката, а најмногу новинарската фела. Како да нема ништо друго да се сработи туку да му одиме по стапките на Павле и да чекаме да признае „Да, си давам оставка од пратеничката функција“.

Е тогаш веројатно ќе доживееме катарза и некаква психичка ејакулација. Како сиот политички сублимат на незадоволство од владеењето на правдата да е сконцентрирано во барањето на Павле на некаква „половинка“ за 2400 денари. Па Павле не е Свети Павле. Павле е еден од нас, обичен човек кој за свои пари за свои потреби побарал нешто што е можеби незаконито, но за што ние немаме сеуште никакви правни докази,- ама го осудивме. Така е, ние сме секогаш прво судии -па се друго. И Исус уште на времето не видел што сорта сме па не предупредил: Не судете и нема да ви судат… ама попусто-грешни сме, нели?

Она што ме тера на „одбрана“ на Павле не е неговиот „грев“, на крајот на краиштата што си дробел нека си срка.
Повеќе ме иритира како „Свети Илија“, или „Илија Громовникот“ ни ја намести оваа каша со Павле. Како „Свети Илија“ го „изработи“ „Свети Павле“ и сите нас со него! Сигурно се смешка од „горе“, каде и да е тоа-Будимпешта ли е Скопје ли е јас не знам…Сега гласањето на пратениците за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски е во втор план.

Еднаш по заслуга на Талат Џафери, сега благодарение на „Громовникот“. Павле е толку дискредитиран што не може ни седница да закаже. А ако и закаже треба да се зборува за „недостојноста“ на Груевски да биде пратеник, иако овој пат основата за одземање на мадатот е отсутност на пратеникот повеќе од шест месеци. Па кој тоа ќе ја отвори седницата со ваква тема, – Павле!!??? Какви дискусии очекувате да има на таа седница од страна на опозицијата? Каква одбрана треба да подготват СДСМ како контра аргументи. Како да го одбранат Павле од самиот себеси? Значи од таа седница за Никола Груевски не бидува ништо во скоро време, иако се најавува за неделава.

Сето ова наведува на констатацијата дека „Громовникот Илија“ не е обичен таксист од Скопје. Мора да бил доста обучен во тоа, додека вози низ густиот сообраќај по дупките на скопските улици со едната рака да управува, а со другата да го најде мобилниот и да ја одбере аликацијата за снимање, без тоа Павле да го забележи.

Од друга страна пак Павле се чувствувал толку комотен па половина час дрндал за набавка на „нешто“ што кај таксистот, кој патем веднаш го препознал Павлета, предизвикало интерес и сфатил дека од тоа може да се профитира-но не со уцена за паричка, што секој „обичен“ таксист би направил, туку-политички!!! Откако ја направил снимката, го чекал „погодниот“ политички момент и по неколку месеци ја објавил :)!!!Па сега вие видете, можеби и бил таксист, ама доста интелиџент(ен).

Потоа тој стручно создаде таква медиумска атмосфера во која прогонот на личности од низок политички профил е главна фора. Така сега, барем за момент заедно со интересот за Никола од Будимпешта заврши и интересот за милионите проневера од минатата власт, за непотизмот на оваа власт, за тендерите, за бизнисите на покрупните играчи, за милионите од барокот, од патиштата, или за хидроцентралите, за урбаната мафија…
Како сите да сме сведени на гревот на Павле-пола грам за 2400 денари! Брее!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...