Пред некој ден имало некаква промоција на странска инвестиција во државава. Свечено била пуштена во употреба австриска фабрика во која се вработуваат 240 лица, со можност за уште 140.

Објавил: admin@magazin | 1 септември, 2019 9:48

Николовски: Немаме реформирана опозиција, тоа е истата што падна на изборите, која ја имаше „заробено“ или „украдено“ државата

Фото/Текст извор: ©слободен печат

Два дена Собранието „паламуди“ за се и сешто, а всушност се бираат новите двајца министри и тројца заменици. Во тоа паламудење слушам и две синтагми искажани од две госпоѓи- пратенички кои повторно ми свртеа внимание. Едната е, кога тие велат да сме ЗАБОРАВЕЛЕ како било! Да сме се фокусирале на сегашноста. И втората, дека „било непримерно да се биде опседнат од делото на претходниот лидер“.

Има вистина во тоа. Треба да се живее сега и да се мисли на иднината. Медиумите и опозицијата би требало да се критични кон владините промашувања, и кон сите аномалии за кои имаат аргументи. Зашто од парзни флоскули е доволно.

Но, кога оваа иста опозиција го прави тоа е навистина невкусно. Ние пред нас немаме некоја реформирана, или ресетирана опозиција. Тоа е истата онаа што падна на изборите, онаа што ја имаше „заробено“ или „украдено“ државата. Истите фаци. Истите говори. Само „него“ го нема!
Но бидејќи тие се опседнати со историјата и јас почнав да се потсетувам на минатото од не-толку одамна. И тоа е историја, нели! Еден банален пример деновиве ме потсети на тоа.

Пред некој ден имало некаква промоција на странска инвестиција во државава. Свечено била пуштена во употреба австриска фабрика во која се вработуваат 240 лица, со можност за уште 140.

Странска инвестиција од 3 милиони евра. Нели е тоа супер! Ангажман и добри плати за локалното население во скопски Илинден. И !!??? Никој за тоа не известуваше, не информираше. Само ТВ Алфа од страна на медиумите за волја на вистината. Никој друг не дојде на отворањето на фабриката. Зошто?
Затоа што луѓето од минатата власт десет години н′е ОТЕКОА со сечења ленти, со фрлање лопати, со фалби, со долги говори за успешноста на власта, со тотална медиумска покриеност по телевизиите, по весниците, по порталите, по социјалните мрежи…

Ете затоа немаше медиуми. Затоа што ни ск****и, зашто ни преседна, ни дојде преку глава.. АМАН! Немавте исав! Моравме да слушаме дури за апсурди од тогашниот министер за финансии како онаа успешната инвестиција од 1000 канти за губре! Абе вести се отвораа со тоа.
Си велам, луѓе може ли да се случи да се повтори истото!? Немој, жити се! Кој ќе поминува пак низ истото!
И сега, вели госпоѓата да заборавиме.

НЕ, НЕ СМЕЕМЕ ДА ЗАБОРАВИМЕ! Ама за жал ЗАБОРАВАМЕ.
Слушам било смешно што министерот за локална самоуправа заедно со двајца градоначалници пушта во употреба два километри пат, од вкупно пет, кон депонијата Русино. Да смешно е – сега.

Но не беше смешно кога катадневно се пуштаа во употреба по 700 метри локални патишта. Смешни ли се уништените и празни тениски игралишта во секое село и град, или спортските сали направени за во нив никој да не игра. Да се скинеш од смеење! Ако не се расплачеш.
Новинарите сегашни, слободни, тоа не ги интересира. Нормално сега, или „ненормално“ тогаш – тоа е работа на секоја власт.
А сепак многу граѓаните и сега зборуваат- колку минатата власт направила за нив.
Можеби на медиумите сега им е „без везе“ да информираат за успесите на оваа власт, но на власта не смее да и биде надвор од интерес да си ги вреднува резултатите.

Ако сам не се пофалиш, никој друг нема! Тоа „минатите“ многу добро го разработија. До степен: делата се забораваат, зборовите се паметат!
И на крајот за „опседнатоста од претходниот лидер“.

Па госпоѓата пратеничка можеби сака да заборави ама во нејзината партија десет години додека беа на власт и нешто пред да дојдат, беа опседнати од ликот и делото на Бранко Црвенковски. Нивниот лидер со Бранко Црвенковски „легнуваше“ и со него се „будеше“.

А со него моравме и сите ние.
Во еден видео спот дури има напис во кој авторот изброил дека Никола Груевски го споменал името на БЦ -19.893 пати за пет години.
Па сега видете кој со кого бил всушност опседнат и кој тоа таму „паламуди“!

Љубиша Николовски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...