Вицепремиерот Николовски истакна дека изградбата на експресниот пат Ранковце-Деве Баир и проширувањето со трета лента на патот Крива Паланка-Деве Баир е од огромно значење за регионот.

Објавил: admin@magazin | 9 април, 2021 21:55

Николовски: Околу 700 милиони евра во инфраструктурни проекти во Североистокот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По извршениот увид во тековните активности на оваа патна делница, вицепремиерот Битиќи, во изјава за медиумите потенцираше дека изградбата на модерна, сигурна и квалитетна инфраструктура е на врвот на приоритетите на Владата и токму затоа се реализираат и планираат низа на проекти во патната, железничката, енергетската инфраструктура, со кои ќе се овозможи поквалитетно поврзување со соседните земји, но и внатрешно поврзување помеѓу градовите во Македонија кое ќе придонесе за рамномерен регионален развој.

Денеска вршиме увид на изградбата на експресната делница Ранковце-Крива Паланка, еден од повеќето проекти со кои сакаме значително да ги подобриме транспортните услови на Коридорот 8. Само во северно-источниот дел на нашата земја во инфраструктурни проекти, ако се земат предвид патната и железничката инфраструктура, имаме проекти кои се во вредност од околу 700 милиони евра, а кои ги опфаќаат изградбата на овој експресен пат, проширувањето на патот од Крива Паланка до Деве Баир, потоа рехабилитацијата на патот од Куманово до Страцин, но и изградбата на пругата од Куманово до границата со Бугарија. Би сакал да потенцирам дека активно работиме и на западниот дел од Коридорот 8, каде веќе е во изградба автопатската делница Кичево-Охрид, во вредност од речиси 600 милиони евра, а во план е изградба и на целосно автопатско решение Ќафасан-Струга и Кичево-Гостивар-Тетово. И железничкиот Коридор 8 во западниот дел од земјата е во план да се гради, со нова делница од Кичево до Лин, за кој имаме готов проект, со проекција од околу 500 милиони евра и за кои веќе започнавме да комуницираме со меѓународните финансиски институции за обезбедување на средства. Сите овие проекти, на Коридорот 8, кои се во вредност од околу 2,5 милијарди евра, се јасен сигнал и кон нашите сограѓани, соседите во регионот но и Европа, дека инвестираме во иднината“, нагласи вицепремиерот Битиќи.

Вицепремиерот Николовски истакна дека изградбата на експресниот пат Ранковце-Деве Баир и проширувањето со трета лента на патот Крива Паланка-Деве Баир е од огромно значење за регионот.

„Овој експресен пат опфаќа две делници, тоа се Длабочица-Чатал и Крива Паланка-Длабочица, а како продолжение е и доизградба на третата лента на државниот пат Крива Паланка-Деве Баир. Вкупната вредност за изградба на трите делници е близу 70 милиони евра.

Овој инфраструктурен проект, како дел од Коридорот 8, е исклучително значаен за регионалното поврзување, соработката и за меѓународната трговија. Инфраструктурата за која некогаш само се говореше, денеска е преточена во план, програма и реализација. Ја отвораме вратата кон северно-истокот и константно и подеднакво ги развиваме сите точки од државата. Со инвестиции, посветено вложуваме во развојот и растот на регионот. Во текот на 2020 година, за прв пат по 40 години беа рехабилитирани регионалниот пат Крива Паланка-Огут и Крива Паланка-Луке со што се олесни гравитирањето и се подобрија условите за живот на граѓаните на овие две села. Завршена е и предвидената рехабилитација на регионалниот пат Ранковце-Крива Паланка, во должина од 21 километар. Го оживеавме кривопаланечкиот регион, а секојдневно со многу мудрост работиме на реализација на важни проекти за развој на целата територија на државата. Вложуваме во инфраструктурата, вложуваме во иднината“, изјави Николовски и додаде дека кризата предизвикана од пандемијата со коронавирусот, не ги попречи капиталните инвестиции, кои продолжија со изведба и тоа со интензивна динамика.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...