Николовски вели дека ставовите се изградени во рамки на партијата и нејзините органи, и се државни ставови и државни позиции, врз основа на довербата на граѓаните на последните избори.

Објавил: Владо Марин | 27 ноември, 2020 6:21

Николовски: Црвенковски е историја, македонските граѓани избраа иднина и избраа да чекорат напред

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, на неговиот фејсбук објави дека искажаните ставови на претседателот на партијата и премиер, Зоран Заев, се ставови на СДСМ, а дека поранешниот партиски лидер и екс претседател на државата Бранко Црвенковски е историја.

Николовски вели дека ставовите се изградени во рамки на партијата и нејзините органи, и се државни ставови и државни позиции, врз основа на довербата на граѓаните на последните избори.

– Став на партијата, на Владата, на претседателот Заев, но и државна позиција е дека македонската иднина е во Европската Унија, дека Македонците со својот македонски јазик чекорат напред кон Европа, кон просперитет и кон пријателство со сите соседи. Знаат граѓаните што е вистина и кој се бори за македонската иднина, кој го заштити македонскиот идентитет во најтешките преговори во историјата на земјата.

Знаат граѓаните кој носи одлуки без разлика на политичката кариера, исклучиво водејќи се од интересот на целиот наш народ и татковината. Моќта на СДСМ произлегува од секој член на СДСМ и од високата свест за одговорност и државништво на секој член на СДСМ.

СДСМ и македонските граѓани избраа иднина и избраа да чекорат напред, многу одамна, а Црвенковски е историја, стои на ФБ статусот на Николовски.

Црвенковски вчера го замрзна членството во СДСМ и побара сите да се оградат од ставовите на Заев после скандалозното интервју на Заев за бугарската телевизија!

Почитувани сопартијци,

Во изминативе 7 години решив да не бидам на било каков начин присутен во политичката јавност во Македонија!

За таквото однесување имав повеќе причини, а во оваа прилика ќе ги споменам двете најголеми. Додека СДСМ беше во опозиција и водеше тешка битка со режимот, не сакав на било кој начин да давам дополнителен повод за напади кон раководството на СДСМ, дека се мои марионети или дека спроведуваат политики под мое влијание. Сакав партијата да биде ослободена од било какво бреме од претходните владеења на СДСМ со државата.

Во периодот после формирањето на Владата на чело со СДСМ, не излегов во јавноста, за да не се доведам во ситуација да се конфронтирам или јавно да критикувам некои политики и постапки на мојата партија. А такви ситуации имаше во повеќе наврати.

Таквиот мој став ќе продолжеше и во иднина, ако не се случеше скандалозното интервју на Премиерот и Претседател на нашата партија, Зоран Заев. Ставовите и тезите искажани во тоа интервју предизвикаа и ќе предизвикуваат тешки и долгорочни последици за македонскиот народ и македонската држава.

Направена е огромна и непоправлива штета. Она што може и мора да се направи е да се стави јасно на знаење дека ставовите на Заев не се ниту ставови на целата Влада, ниту на целиот државен врв.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести