Вие сте нашата сила! Да живее УМС на ВМРО-ДПМНЕ! Да живее Македонија, напиша Николоски на својот Фејсбук профил.

Објавил: Рејхан Бајрами | 14 јули, 2019 17:15

Николоски до младите: „Бидете гласни против корумпираната и неспособна власт, покажете го својот гнев на улица„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски им испрати порака на младите од УМС: Разочарани сте од промената на името, од економското опустошување, разочарани сте затоа што вашите врсници масовно ја напуштаат државата и затоа што лузери и кримоси како Заев, Пендаровски, Димитров, Шекеринска и слични ја водат државата. Разочарани сте знам и затоа што Заев коленичи пред Ахмети, а Македонците стануваат граѓани од втор ред во својата држава.

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, порача до младите на УМС да бидат гласни против неправдите, националното и економско обезличување.

Покажете го својот гнев на улица, во школо, на факултет, во диско, во кафич, на плажа и на планина, на Facebook, на Instagram, на Twitter… Бидете гласни, порача Николоски.

–На денешен ден пред 15 години бев избран за Претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Декада и половина е повеќе од доволно време да се оцени мојата и работата на мојот тим. Времето го даде својот одговор. За многумина тоа е златната генерација на УМС. Генерација од која излегоа голем број врвни политичари, произлегоа и одлични универзитетски професори, менаџери на големи и успешни фирми, доктори, адвокати…Чесни и успешни луѓе на кои пред се борбата за Македонија им е водилка. Со ова писание сакам да се заблагодарам на таа генерација за тоа што ги вложи најубавите години од својот живот за да се реформира прво ВМРО-ДПМНЕ, а потоа и Македонија, a денес се бори да се спречи националното и економското опустошување на Македонија.
Основната причина зашто го пишувам ова е да се обратам на новата, сегашната генерација на УМС. На сите кои сте во УМС денес и на кои состојбата во Македонија ви изгледа тешка. Разочарани сте од промената на името, од економското опустошување, разочарани сте затоа што вашите врсници масовно ја напуштаат државата и затоа што лузери и кримоси како Заев, Пендаровски, Димитров, Шекеринска и слични ја водат државата. Разочарани сте знам и затоа што Заев коленичи пред Ахмети, а Македонците стануваат граѓани од втор ред во својата држава. Разочарани сте од криминалот и корупцијата… Со право сте разочарани, треба да бидете и сигурно сте и гневни!
Слично беше и со нас, со мојата генерација. Тогаш бевме многу разочарани од слични појави како денес. Иако пред 15 години верувајте СДСМ беше ист! Таму ништо не се менува.
Но затоа вие, оваа генерација треба да ги направите промените! Бидете гласни! Против неправдите, против националното обезличување, против економското опустошување, против иселувањето!

Бидете гласни против корумпираната и неспособна власт! Покажете го својот гнев на улица, во школо, на факултет, во диско, во кафич, на плажа и на планина, на Facebook, на Instagram, на Twitter… Бидете гласни!
Само гласни силни ќе победите. Ќе победиме! Заедно многу генерации сплотени ќе победиме. Македонскиот народ обединет околу ВМРО-ДПМНЕ ќе ја победи напаста и ќе го врати достоинството во Македонија.
Променете нешто за себе и за генерациите што доаѓаат после вас. Променете нешто за да не треба следни генерации исто така да страдаат. Вие сте нашата сила! Да живее УМС на ВМРО-ДПМНЕ! Да живее Македонија, напиша Николоски на својот Фејсбук профил.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.