Николоски се осврна и на катастрофалната состојба околу набавката на вакцини против КОВИД-19.

Објавил: Рејхан Бајрами | 19 март, 2021 5:58

Николоски: Одморите на Николовски и Рашковски се исмевање во лицето на граѓаните кои се борат за живот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

За интерпелацијата на Венко Филипче имаме поддршка од сите опозициски партии. Катастрофа е и она што го видовме или обид кој заврши криминално  за набавка на вакцини. Потоа смртноста е меѓу највисоките во светот. Тоа се причини зошто мислиме дека треба  да замине Филипче, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на гостување во централниот Дневник на телевизија Сител.

„Видовме и колегите на Заев и Филипче како не го почитуваат здравјето на граѓаните, и тоа  вториот и третиот човек во владата. Едниот е во Мексико, другиот во Дубаи.Одморите на Николовски и Рашковски се исмевање во лицето на граѓаните кои се борат за живот“, рече Николоски.

Николоски се осврна и на катастрофалната состојба околу набавката на вакцини против КОВИД-19.

„Македонија се соочува со катастрофа во делот на справувањето со корона, вакцини нема. Еден обид да се набават вакцини заврши криминално со јасни индиции за криминал, за кои што јавноста ги виде документите. Смртноста е меѓу највисоките за жал во светот, односно Македонија е четврта од долу од најлошите по бројот на смртност. Така што тоа се причините зошто мислиме дека министерот за здравство треба да замине“, рече Николоски.

Николоски додаде дека да се набавеа вакцини немаше да имаме ваква епидемиолошка слика.

Очекувам претседателот на Собранието да ги стави сите три интерпелации и онаа за Николовски и Маричиќ, а и оваа за Филипче затоа што оваа последната треба затоа што неговата неспособност значи изгубени животи“, рече Николоски.

Николоски посочи дека под итно треба да се набават вакцини за да се заштитат граѓаните од корона вирусот бидејќи секојдневните бројки на починати и заразени се катастрофални.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика