Тој посочи на трите опожарени објекти во струмичката касарна каде згради градат токму Заеви.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 април, 2020 23:22

НИКОЛОСКИ ОТКРИ ГОЛЕМ CKAHДАЛ: Опожapени три објекти во струмичката кacaрна каде згради градат токму Заеви

Фото/Текст извор: ©КУРИР.МК

ВМРО-ДПМНЕ уште од самиот старт побара скрининг на населението за Ковид 19, да се види каде се жариштата, во тие жаришта да се прогласи кризна состојба, а остатокот од државата да функционира нормално, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во своето гостување во емисијата „Јади Бурек“.

Овој предлог не бил прифатен од Владата поради тоа што, како што вели Николоски, на криминалната банда повеќе и одговора вонредна состојба во која криминалот слободно може да царува.

Тој посочи на трите опожарени објекти во струмичката касарна каде згради градат токму Заеви.

-Знаете што им е целта, еве ќе бидам директен. Луѓето се во огромен страв и паника. Прва вест сами кажавте секогаш е, мерките, препораките итн. А тоа на нив им одоговара затоа што никој не зборува дали јавниот превоз во Скопје е добар, дали има дупки по улиците, дали ѓубрето се чисти или не. Дали некој бандит во Прилеп близок до власта прави криминал? А прави. Дали некој бандит во Битола во РЕК Битола прави криминал? А прави. Дали фирмите на Заеви во Струмица прават криминал, а прават. Еве една провокација, случајно одат во пожар објекти во струмичката касарна или одат намерно, затоа што таму Заеви градат згради. Тоа не е тема во Македонија, Ковид е прва тема. Три објекти изгореа во изминативе месец дена во струмичката касарна, случај нема. Во струмичката касарна згради градат семејството Заеви тоа го знаат сите во Струмица, вели Николоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.