Според Николоски трагикомично е Вице да се повикува на судска правда, кога истото тоа судство го ослободи неговиот брат а ги уценува пратениците на ВМРО - ДПМНЕ по потреба

Објавил: Мартин Попоски | 28 октомври, 2018 6:59

Николоски: Под ниво ми е да му се извинам на Вице Заев

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николоски, по побараното јавно извинување од братот на премиерот, Вице Заев за неговото “ортачење” со Сашо Мијалков, се огласи со став.

Имено, Вице Заев по исклучувањето на Мијалков и Митко Јанчев од ВМРО – ДПМНЕ, беше посочен како еден од гласните протагонисти во прогонот на пратениците со цел да ги гласаат уставните измени.

Вице, тогаш со отворено писмо му даде на Николоски рок од три дена да се извини за искажаното, по што се закани со тужба.

Кога некој ќе почне да се заканува со суд на политички неистомисленици, јасно се покажува дефиницијата за диктатура. – вели Николоски коментирајќи го рокот од три дена кој му го постави братот на премиерот, Вице Заев, откако ВМРО – ДПМНЕ обелодени дека правена е коалиција со функционери на опозиција за да убедуваат пратениците да гласаат за уставни измени.

Потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ Николоски вели дека не му е на ниво да му се извини на Вице Заев за јасно искажаниот став.

Доколку има тужба за клевета, кое судство ќе одлукува, она кое брат му го ослободи од сите обвиненија. – прашува Николовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести