Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и министерката за одбрана и заменик претседател на СДСМ Радмила Шекеринска жестоко во емисијата „360 степени“ на Алсат М телевизија.

Објавил: admin@magazin | 15 септември, 2018 0:53

Николоски: После референдумот Заев ќе започне со судски процеси против ВМРО

Фото/Текст извор: ©алсар.мк /лиедер.мк

Николоски посочи дека прашањето за референдумот е надпартиско прашање, прашање кое е емотивно, посебно за етничките Македонци, затоа неговата партија зазела став секој граѓанин поединечно да одлучи како ќе постапи за референдумот. Шекеринска обвини дека ВМРО-ДПМНЕ нема став за референдумот.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна неколку спорни членови од Договорот и обвини дека СДСМ постојано избегнува да дискутира за Договорот од Преспа.

Целиот Договор е проблематичен. Има три аспекти тоа е воведниот дел, членот еден и членовите 7 и 8. Во воведниот дел стои дека се укинуваат сите работи кои што Македонија како такви ги стекнала во оваа битка за името, почнувајќи од времената спогодба за името, завршувајќи со пресудата на Судот на правдата во Хаг, кој што јасно кажа дека Грција не смее да го блокира члнеството на Македонија во интеграциите, истакна Николоски.

Според потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ спорно е што во Договорот се дефинира дека македонскиот јазик е од групата на јужнословенски јазици, нешто што никој друг јазик го нема во дефиницијата.

Радмила Шекеринска Јанковска (10 јуни 1972 во Скопје) — македонска политичарка, актуелна министерка за одбрана на Република Македонија. Шекеринска магистрира на престижната школа за дипломатија и право „Флечер“ во САД во 2007 година. Шекеринска има дипломирано на електротехничкиот факултет во Скопје во 1995. Во текот на 1996 година работи како асистент за односи со јавност во Институтот Отворено општество Македонија. Од 1997 до 2002 работи како асистент на Електротехничкиот факултет.
Зборува англиски и француски јазик и исто така е автор на повеќе научни и стручни трудови од својата област. Добитник е на наградата “Глобални Лидери на Утрешнината“ што ја доделува светскиот економски форум.

Со овој Договор на Грција и се дава ексклузивно право да термините ‘македонски’, односно Macedonian, ги користи не само на територијата на она што ние го нарекуваме Егејска Македонија, туку и на еден поширок опфат и да има право од античкото наследство до денес, на Македонија, на оваа наша Република Македонија, или Северна според СДСМ, и се ограничува да има право да го користи само на територијата на Република Македонија и затоа понатака се бараат уставни измени. Следно, во членот 8 има неколку проблематични работи, најпроблематично е што треба да се направи меѓуресорска комисија на експерти помеѓу двете влати која што ќе треба да направи ревизија на учебниците, на учебните помагала, на научните книги, на работите кои што се однесуваат на историјата и археологијата и два пати гоишно да дава извештаи. Ова е механизмот за блокирање на нашето членство во Европската Унија, затоа што секогаш кога некој наш научник ќе извади работа која што на Грците не им се вклопува во нивната мегали идеја, тоа ќе значи блок на отворањето на следното поглавје, објасни Николоски.

Шекеринска како аргумент на ова одговори дека ВМРО-ДПМНЕ не учествувале во дебатите на Собранието и избегнуваше да дискутира за содржината на Договорот.

Ова е прв и единствен договор во кој што фигурира македонскиот јазик. Еве што кажувавте вие: ‘Грција не прифаќа да имаме договор кој би го поминале во нивниот парламент, во кој нашиот јазик и националност би се напишале на англиски како македонски, односно Macedonian’, истакна Шекеринска.

Николоски во дебатата потенцираше неколку пати дека не може да се оди на реферндум без да се знаат уставните измени, кој треба да се направат согласно Договорот од Преспа.


Александар Николоски – Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
Член на извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ
Кратка биографија
Александар Николоски е долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во повеќе мандати. Николоски е претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во период од 2004 до 2008 година. Во период од 2004 до 2013 е член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на оваа функција повторно е избран во 2017 година. Николоски во 2009 година станува член на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, а во 2014 година е избран за прв потпретседател на Мониторинг комитетот при Советот на Европа. Тој е именуван за меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ во 2015 година.

Шекеринска на тоа одговори дека процедурата за уставните измени не е започната, бидејќи прво треба да се знае ставот на граѓаните за овој договор. Министерката неколку пати нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ, во ниту еден момент не мислеле за Договорот од Преспа, туку ги интересирало само амнестија. Николоски негираше дека неговата партија барала аменестија.

Што се однесува за исходот од референдумот, Николоски смета дека значаен дел од граѓаните, односно мнозинството етнички Македонци се против договорот и дека референдумот нема да успее. Доколку успее, тие како партија од народот ќе ја почитуваат волјата на граѓаните. Како алтернатива, доколку референдумот не успее, Николоски наведе дека ќе се борат Македонија да добие подобар договор.

Шекеринска од друга страна верува дека граѓаните на 30 септември ќе гласаат „ЗА“ овој Договор, бидејќи ги препознаваат бенефитите од него, односно дека со гласот „ЗА“ Македонија ќе влезе во НАТО и во ЕУ.

Во емисијата, Николоски ексклузивно откри дека по неуспехот на референдумот, СДСМ има план да започне судски процес против ВМРО-ДПМНЕ, со што исходот би бил да ја затворат партијата, за над две години.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.