Актерот и член на Извршниот Комитет на ВМРО - ДПМНЕ, Михајловски, ги потсети Канческа Милевска и Тодоров дека целокупната работна кариера и ја должат на партијата

Објавил: Мартин Попоски | 24 октомври, 2018 7:40

Нино и “Ганка” од Али експрес да ги вратат кариерите во ВМРО – ДПМНЕ

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Членови на Извршниот Комитет со контра реакции по изјавите на Канческа Милевска дека гласала “за” уставни измени и е горда на тоа но и Тодоров кој обвини дека партијата е секта.

Актерот Тони Михајловски, член на Извршниот Комитет на ВМРО – ДПМНЕ, ги повика Никола Тодоров и Елизабета Канческа – Милевска да ги вратат кариерите. што ги направиле како членови и министри во владите на ВМРО – ДПМНЕ, зашто без довербата укажана од партијата ќе останеле никој и ништо.

Нино и “Ганка” од Али експрес да ги вратат кариерите во ВМРО – ДПМНЕ. Без партијата ќе бевте никој и ништо“, пишува Михајловски на социјалните мрежи за исклучените членови на ВМРО – ДПМНЕ.

Елизабета Канческа Милевска своето прво вработување го имаше како советник во кабинетот на министерката за култура во периодот од 2006 до 2008 година по што и самата стана министер за култура од 2008 до 2016 година.

Никола Тодоров исто така своето прво вработување го имаше како министер во 2009 година до 2011 кога беше министер за образование и наука па од 2011 година до 2016 беше министер за здравство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.