Епидемиолошките екипи и натаму ја извршуваат својата работа како и во изминатите два месеца, ова е официјална информација од Инстутот за јаво здравје потврдена од директотот на институцијата Шабан Мемети и јавноста треба да биде информирана.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 јуни, 2020 10:33

Ниту еден од вработените во Институтот за јавно здравје не е позитивен на Ковид-19!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во Институтот за јавно здравје ниту еден од вработените не е позитивен на Ковид 19, ова преку соопштение до јавноста денеска го истакнуваат од ИЈЗ.

Епидемиолошките екипи и натаму ја извршуваат својата работа како и во изминатите два месеца, ова е официјална информација од Инстутот за јаво здравје потврдена од директотот на институцијата Шабан Мемети и јавноста треба да биде информирана.

Официјалните информации за состојбата со Ковид 19 се објавуваат на интернет страницата на Институт за јавно здравје и на страницата на Министерство за здравство, стои во нивното соопштение до јавноста.

Ова соопштение следиува откако вчера дел од медиумите објавија дека тројца од вработените од ИЈЗ се заболени од ковид 19, но сепак станува збор за  тројца здравствени работници, од ЦЈЗ(Центар за јавно здравје.

Во ЦЈЗ има девет тимови составени од по двајца здравствени работници, а вчераза МКД.мк министерот Филипче изјави дека на терен ќе се работи со еден тим помалку.

Инаку вчера министерот истакна дека можно е да следува период со поголем број заболени на дневно ниво.

Може да регистрираме поголем број заболени на дневно ниво, но пикот ќе трае пократко заради раната детекција. Имаме втор силен бран кој е резултат на непочитување на мерките за собири и групирање. Но, зголемениот број на заболени е очекуван и заради скрининг пристапот кој го имплементираме. Мора да бидеме исклучително претпазливи, строго да се држиме до мерките и да носиме мудри одлуки за следните чекори.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...