Оваа иницијатива ја предводи СДСМ, а се приклучија независните од ВМРО-ДПМНЕ, БЕСА, ДПА и Алијансата за Албанците.

Објавил: Владо Марин | 23 април, 2020 18:16

НИТУ ЕДЕН ПРАТЕНИК ОД ВМРО-ДПМНЕ И ДУИ: ЗАД БАРАЊЕТО ЗА СВИКУВАЊЕ НА СЕДНИЦА, 35 ПРАТЕНИЧКИ ПОТПИСИ!

Фото/Текст извор: ©24 вести

Барањето за да се свика Собранието стигна до Талат Џафери. Триесетина пратеници, а меѓу нив нема ниту еден од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, го ставиле својот потпис, пишува 24 вести.

Бараат од Џафери како собраниски спикер на последниот состав да свика итна седница за да ги потврди одлуките на Стево Пендаровски, кој прогласи вонредна состојба во двата наврати на 18 март и на 16 април.

Барање за свикување на Собранието- На овој начин Собранието ќе биде доследно на приоритетот кој со уставните одредби му е даден во прогласување на воена или вонредна состојба и нема да дозволи извршната власт да има комплетна контрола над уставните процеси за носење на одлуки за прогласување и продолжување на вонредната состојба.

Оваа иницијатива ја предводи СДСМ, а се приклучија независните од ВМРО-ДПМНЕ, БЕСА, ДПА и Алијансата за Албанците.

Мандатот на пратениците може да се продолжи само во вонредна или воена состојба, стои во членот 63 од Уставот. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се категорични дека нивниот мандат е завршен.

И Џафери во сите досегашни јавни настапи тврдеше дека еднаш распуштено Собрание, не може пак да заседава, а дури и да се состане прашање е дали за верификацијта на одлуките ќе има дво-третинско мнозинство.

Иницијативата за да се свика Парламентот прво дојде од Вила Водно откако Пендаровски по втор пат прогласи вонредна состојба и порача дека Уставот а ниту еден закон не предвидел ваква ситуација.

Во меѓувреме изборниот процес е во мирување и роковите ќе продолжат да течат, доколку Собранието евентуално не ги одложи за понатаму.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика