Според информациите на дописничката на МИА од Атина, веројатно е дека ќе се обнови и продолжи друга министерска одлука што се однесува на забрана за влез во Грција на државјани од трети земји, а ќе важи во следните две седмици.

Објавил: Владо Марин | 1 август, 2020 14:11

НИШТО ОД ПАТУВАЊЕ ВО ГРЦИЈА: Границите затворени до 15 август

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Одлуката на Грција за привремено ограничување на сите авионски, железнички и копнени поврзувања со Македонија, како и забраната за влез на грчка територија на македонски државјани, објавена на 15 јули истекуваше вчера, а засега нема информација за нејзино продолжување или поништување, јави дописничката на МИА од Атина.

Ограничувањата „од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот Ковид-19 на грчка територија” се за временскиот период од 16 јули до 31 јули 2020 година и се однесуваат, освен на Македонија, и на Албанија и на Турција.

За конкретната министерска одлука, како и за копнените граници и евентуалното нивно отворање за државјаните на соседните земји, портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, на вчерашниот брифинг со новинарите одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина рече дека овие теми биле дел од состанокот на Мицотакис со епидемиолозите и надлежните министри.

Според информациите на дописничката на МИА од Атина, веројатно е дека ќе се обнови и продолжи друга министерска одлука што се однесува на забрана за влез во Грција на државјани од трети земји, а ќе важи во следните две седмици.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.