Советот смета дека се исполнети условите од чл. 165 ст.1 т. 1 односно дека постои Опасност од бегство.

Објавил: Перо Милчин | 23 декември, 2021 5:59

Ништо од слобода, одреден нов притвор за Сашо Мијалков

Фото/Текст извор: ©магазин

НОВ ПРИТВОР ЗА МИЈАЛКОВ, ОВОЈ ПАТ ЗА „ПЛАЦЕВИ НА ВОДНО“!

„Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, за определување мерка притвор против С.М. обвинет во предметот со КОK бр. 63/21 во јавноста познат како „Плацеви на Водно“, а имајќи ја предвид итноста на постапката, Кривичниот совет, по добивање на предметот, одржа седница на советот и донесе решение со кое го прифати предлогот на Јавниот обвинител и на обвинетиот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Советот смета дека се исполнети условите од чл. 165 ст.1 т. 1 односно дека постои Опасност од бегство.

Решението е во фаза на експедирање до странките во постапката кои имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје.“ – Основен кривичен суд Скопје.

Критики за Апелација  

Апелацискиот суд во Скопје во средата ја прифати гаранцијата од над 11 милиони евра на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, со што мерката притвор беше преиначена во мерки за претпазливост, односно одземање на пасошот и обврска да се јавува во суд. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.