Асли Енвер е една од омилените актерки во Турција, а нејзиниот лик на Суреја во серијата „Истанбулска невеста“ е една од нејзините најголеми улоги во кариерата. Таа има 35 години и веќе е меѓу најпопуларните турски актерки на сите времиња.

Објавил: Весна Петровска | 29 октомври, 2019 19:33

Ни болеста не ја спречи „Истанбулската невеста“ да го оствари сонот: Животната приказна на турската актерка не е лесна

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Истанбулската невеста која од неодамна се емитува пред македонската јавност, малку по малку ја освојува публиката, поготово убавата и кила Суреја која се заљуби во бизнисмен.

Асли Енвер е една од омилените актерки во Турција, а нејзиниот лик на Суреја во серијата „Истанбулска невеста“ е една од нејзините најголеми улоги во кариерата. Таа има 35 години и веќе е меѓу најпопуларните турски актерки на сите времиња.

Родена е во Лондон и живеела се додека не наполнила дванаесет години.

Поточно, нејзината баба шиела униформи за англиската армија и со тоа добила покана да се пресели во Англија. Таа се преселила во Лондон со шест деца, меѓу кои бил и таткото на убавата актерка.

Нејзината мајка по дипломирањето се преселила од Турција во Лондон. Отишла да го совлада јазикот, а потоа го запознава и нејзиниот татко, со кого се родила голема љубов.

За популарната актерка, секое искачување на престолот не беше лесно, бидејќи актерката се бореше со дислексија, па и требаше малку подолго за да го научи секој текст. Но, таа научи како да се справи со предизвиците! Нејзината мајка и помогнала во сè.

“Мајка ми ме праша дали сакам да се занимавам со уметност. Избрав глума. Тоа не ми изгледаше така лошо. Таа ме испрати на курс. Значи, да, мајка ми ми помогна”, рече актерката во една прилика.

Што се однесува до нејзиниот љубовен живот, Асли има еден неуспешен брак зад себе со колегата Биркан Сокулуа. Таа сега е во врска со музичарот Мурат Боз, кој ја остави пред свршувачка, но таа му прости и реши да му даде уште една шанса.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.