„Вчерашниот ден, беше најтажниот ден што се има случено на мене и на моето семејство“!

Објавил: admin@magazin | 2 јануари, 2021 12:24

НИ СЕ ОТКИНА ДЕЛ ОД ДУШАТА: Синот на Џорлев се прости од неговиот татко – МОЈ НАЈДОБАР ТАТО!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Наско Џорлев, син на познатиот виолинист Зоран Џорлев, кој вчера почина од компликации од коронавирусот, денеска преку емотивен статус на Фејсбук се прости од својот татко.

„Вчерашниот ден, беше најтажниот ден што се има случено на мене и на моето семејство. На вчерашниот ден сфатив дека животот е толку суров и до крај ќе остане исполнет со тага, на местото каде што ми се откина дел од душата.

Моето семејство и светов изгуби еден од најдобрите луѓе кои постоеле и ќе постојат.

Почина маесталниот музичар Зоран Џорлев!

Полн со живот, позитива и безрезервна љубов за сите во неговиот живот. Имаше многу планови за што понатаму, никогаш не се откажуваше, неговиот оган гореше силно до крај.

Во плановите не имаше вклучено мене и брат ми секогаш, таман дури почнавме и да свириме заедно поредовно.

За секој имаше време да посвети внимание, секогаш сакаше да помогне, без разлика колку и да беше близок, се додека му треба помош. За секој имаше љубов и разбирање, и се правеше од срце и на чесен начин на кој повеќето луѓе не можат ни да замислат.

Другар, искрен и добар, народен човек, мојот херој. Мојот татко, мојот прв пријател, моето се. Се што имам е од татко ми, се што сакам и правам денес е поради татко ми, се ми имаш пружено.

Се што ќе продолжам да правам е ЗА ТАТКО МИ.

Фала ти тато за се, тато е најдобар тато, душичке наша, напишљ неговиот син!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam