среда, 24 април 2024

MK/ EN/ DE



Од банката биле украдени сто и петнаесет илјади евра. Од НЛБ банка додаваат дека се во интензивна соработка со надлежните органи со цел побрзо откривање на деталите и разрешување на случајот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 јули, 2019 0:42

НЛБ банка се огласи по грабежот -еве колку пари биле украдени утринава

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По грабежот кој се случи утринава преку соопштение се огласи НЛБ Банка.

Од банката биле украдени сто и петнаесет илјади евра

-Утрово во експозитурата на НЛБ Банка АД Скопје во општина Сарај се случи грабеж од страна на вооружена група разбојници. Во моментот на случувањата во експозитурата биле присутни вработени и клиенти, при што сите се безбедни и во добра состојба. Претставници на Банката се во постојан контакт со клиентите и вработените кои биле присутни во филијалата, ставајќи ја нивната безбедност и нивното здравје во преден план, велат од НЛБ и додаваат:„Во моментов сѐ уште нема детали за висината на направената штета. Надлежните органи вршат увид на самото место и се во блиска соработка со Банката за што побрзо и ефикасно разрешување на случајот и разоткривање на деталите, за што јавноста ќе биде дополнително известена. Средствата на клиентите се сигурни бидејќи Банката има осигурување на целиот свој имот и средства“,стои во соопштението.

Од банката биле украдени сто и петнаесет илјади евра. Од НЛБ банка додаваат дека се во интензивна соработка со надлежните органи со цел побрзо откривање на деталите и разрешување на случајот.

Во моментов поради истрага и расчистување на случајот, експозитурата Сарај ќе биде затворена, а од таму најавуваат дека со редовна работа ќе продолжи од 10 јули 2019 година. (МИА)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.