Српскиот тенисер ја завршува 2018 година како најдобар тенисер на светот. Повторно се искачи на врвот.

Објавил: admin@magazin | 19 ноември, 2018 23:33

Новак Ѓоковиќ ја завршува 2018 година како прв на светот.

Фото/Текст извор: ©онлинемагаѕин

Новак Ѓоковиќ и покрај поразот од Александар Звернев во финалето на мастерот, тој оваа година ќе ја заврши како прв на АТП листата со најмногу бодови.

Моментално Српскиот тенисер Ѓоковиќ има 9.045 бодови а под него се наоѓа Шпанецот Рафаел Надал со 7.480 бодови, Швајцарецот Федерер има 6.420 и Звернев 3.850. Новак Ѓоковиќ се искачи на врвот на АТП листата и повторно е светски тениски шампион.

Новак Ѓоковиќ со успешна победа на US-open 2018 година.

Во ТОП 10 се: Хуан  Мартин Дел Потро (5.300), Кевин Андерсон (4.710), Мартин Чилич (4.250,) Доминик Тим (4.095), Кеј Ниши кори (3.590), Джон Изнер (3.155).

Тешко ќе биде некој од овие тенисери,да го загрози Новак Ѓоковиќ бидејќи во другата половина на 2019 година,тој ќе ги брани минималните бодови.

Ѓоковиќ покрај повредата и долгата пауза што ја имаше, се врати на тениските терени и во последните игри беше непобедлив од никого.

Тој изјави дека за неговиот успех и неговото враќање на терените, е заслужена неговата фамилија, која му ја дава најголемата поддршка на тениските терени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Тенис