Драг Novak Djokovic, твојата изведба на преубавата "Македонско девојче" нѐ воодушеви сите во нашата земја.

Објавил: Рејхан Бајрами | 6 јули, 2019 15:34

Новак ја воодушеви Македонија, а за возврат Заев го покани Ѓоковиќ да ја посети земјава!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Новак Ѓоковиќ денеска постана најомилениот човек во Македонија, откако во директен пренос изјави дека го сака Охридското езеро и ја запеа „Македонско девојче“.

Зборовите од Ѓоковиќ никого не оставија рамнодушен, дури и премиерот Зоран Заев преку социјалните мрежи јавно му се заблагодари на Ѓоковиќ и го покани во Охрид и Скопје да ги запознае Македонските убавини.

Премиерот му упати отворена покана во име на Владата и во име на граѓаните на Република Македонија.

Драг Novak Djokovic, твојата изведба на преубавата “Македонско девојче” нѐ воодушеви сите во нашата земја.
Прекрасно е чувството кога Ас како тебе се обраќа со почит и љубов на нашиот македонски народ и на сите граѓани во Северна Македонија🇲🇰.
Те чекаме во Охрид и Скопје и на сите други убави места, тука во нашиот мозаик од култури и вредности. Ти упатувам отворена покана во име на Владата и во име на нашите граѓани.
Воедно, те следиме на Вимблдон 🎾 и ти посакуваме успех.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.